петак, 09. новембар 2018.

Чоколадна торта без глутен со тиква, без маргарин и без млеко.



Вкусна чоколадна торта без глутен со тиква, една од најубавите торти.Во состав нема млеко и маргарин, и јаткасти плодови,за лица со алергија.
Моја лична креација на вкусови, совршено.
Состојки:
1 јајце
1 жолчка
6 супени лажици шеќер
8 супени лажици масло од сончоглед
8 супени лажици вода ( со прстофат сода бикарбона)
10 лажици супени рамни брашно без глутен -Германско
3 супени лажици пире од варена тиква
1/2 лажиче мало прашок за пециво
1/2 вреќичка ванилин шеќер
1/2 лажиче мало какао
3 коцки рендана чоколада посна
- малку цимет
За фил: 1 белка изматена со 1 лажица шеќер, и сируп од 4 лажици шеќер кој се вари на шпорет и додадете го во белка...матете додека смесата не се олади и стане густа...по вкус можете и растителен шлаг да ставите.
Подготовка:
Во сад за матење ставете јајце и жолчка и шеќерот,матете додека се згусне смесата.
Потоа постепено додавајте ги другите состојки, масло, вода, и ванилата, додадете го пире од тиква.
Промешајте ги лесно состојките,и додадете го брашното и пецивото, какао, цимет и рендана чоколада.
Со лажица кратко промешајте и потоа со миксер на најмала брзина пак кратко промешајте, за смесата да се изедначи.
Ставете ја смесата во обложен со хартија калап.
Печете ја тортата на 180С,само 15 минути.
Оладете ја тортата и премачкајте ја со беланец или шлаг од растително потекло.Декорација е со истопена чоколада.
Толку е вкусна и мека,со мирисни ноти на цимет одличен здрав десерт.

Нема коментара:

Постави коментар

Povrzani sodrzini.

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...

Istaknuti recept.

Bombici so biskviti i zele bomboni./Bomblets are biscuits and jelly candies.

Jedna moja varijanta domasni sitni kolaci,a ednostavni za podgotovka.Mene mi se dopadja i vkusot i izgledot.Sigurno ste vo potraga po nesto ...

Читаоци

Архива чланака

Образац за контакт

Име

Имејл адреса *

Порука *

Posetiteli.

Укупно приказа странице

Content.ad - Widget 3