петак, 16. новембар 2018.

Посна погача со пиво,една од највкусните посни погачи




Посна погача со пиво и многу вкусен доручек.
Со посебна мирисна нота што во составот и ја дава пиво.Топло ја препорачувам да си ја направите за посни слави, свадба или појадок.
Исто така има и преубава и мека структура.
И е со малку крцкава коричка, што ја прави превкусна,моја комбинација која ќе ја правам повторно.
Состојки:
-500 г.бело брашно-т-400
-100 мл. 🍺 пиво
-150 мл. минерална газирана вода
-1/2 коцка свеж квасец
-1 лажица мед
-10 супени лажици масло
-1 мала лажичка сол
- сусам и семе од афион за одозгора
Калап -24 см. или малку поголем 26 см.
Состојки за тесто:
Во сад за месење ставете го брашното, ставете го и квасецот, сипете го пиво.
Оставете да се истопи квасец.
Додека водата се загрева малку,не повеќе од 37', за да високата температура не ги уништи квасните габи.
И вода се додава во брашното.
Се додава 🍯 мед масло и сол,се меси убаво мазно тесто и се остава на топло да нарасне околу 1час.
Потоа тестото се дели на три различни дела по големина и еден најмал за мрежата врз средната топка.
Секоја топка се расукува повеќе.
Една поголема топка се сука и се сече на 6 парчиња и се мотаат кифлички за од страна на средната топка.
Една средно голема топка за во средината.
Од друга помала топка се прават истото 6 кифлички и се вметнуваат во средината помеѓу средната топка и големи кифлички.Од овие кифлички исечете ги 3 на половина и вметнете ги околу средината или крајот.Јас бев заборавила за мрежата да оставам,па морав дополнително да одвојам од тесто.
Редослед: прво средната топка се мачка со масло и вода,соли афион, и таа треба прво да се покрие со мрежата.
И околу неа поголеми кифлички,измеѓу нив помали кифлички, како во видео рецепт.
Целта погача се премачкува со масло и малку вода.
На крајот се става сусам и оставете ја да отстои додека рерната се загрева.
Погача се пече на 180-200С, околу 30 мин, и пред крајот се намалува температура, и погача се покрива со хартија за печење да не изгори.

Нема коментара:

Постави коментар

Povrzani sodrzini.

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...

Istaknuti recept.

Bombici so biskviti i zele bomboni./Bomblets are biscuits and jelly candies.

Jedna moja varijanta domasni sitni kolaci,a ednostavni za podgotovka.Mene mi se dopadja i vkusot i izgledot.Sigurno ste vo potraga po nesto ...

Читаоци

Архива чланака

Образац за контакт

Име

Имејл адреса *

Порука *

Posetiteli.

Укупно приказа странице

Content.ad - Widget 3