недеља, 18. новембар 2018.

Шеќер пари турски десерт од Македонска кујна превкусни се топат во уста.



Шеќер пари многу вкусни колачиња Турски десерт,ги видов во слаткарница во Гевгелија.
Сакав да ги пробам но многу ми беа големи и земав баклава.
Кога се вратив дома си реков мора да ги пробам, затоа што јас и цело мое семејство сите сме сладокусци.
Ама на домашни слатки,скоро никогаш не купувам колачи, освен чоколада ја обожавам..:)
И така јас побарав на You Tube рецепт и ги направив,само помалечки,и половина доза,за да правам и други врсти колачи повторно.
И ме критикуваа дома,сум требало да направам цела доза 😊.
За мрсни слави супер десерт, лесно се подготвуваат и се убави.
Јас шербет го сменив,по моја логика треба да е умерено густ и не редок како во оргинал рецепт.
Состојки:( оваа е цела мерка)-40 количиња
2 јајца крупни
80 мл.масло -100 мл.зависно од брашно
80 г.шеќер или 50 г.може
1 прашок за пециво
360 г.брашно
Ореви за одозгора

За прелив:
600 шеќер
500 мл.вода
Ванилин шеќер за мирис
Подготовка:
Во сад за месење ставете ги брашното и пецивото измешајте ги, додадете го шеќерот и маслото, додадете ги и јајца.
Замесете убаво мазно и помеко тесто,и со рацете земајте парчиња тесто и обликувајте мали топчиња колку ореви.
Тава намачкајте ја со масло и редете ги колачињата.
Од половина доза мене ми излезе 21 🍪 колаче.
На секое колаче ставете ореви и полесно притиснете.
Рерната загрејте ја на 180С,а колачиња печете ги 10 минути.
Оставете ги да се изладат и подгответе го за тоа време сирупот.
Ставете го шеќерот и водата и ванилин шеќер,на крај.
Нека врие шербет само 8-10 минути,да не ви е густ многу поредок.
Сипете го врелиот шербет врз колачиња и вратете ги во рерна да го впијат сирупот.
Послужете ги како неделен десерт,за слава или празници.
Многу се вкусни,а посебно потпечени оревчиња,за мерак десерт.
На You Tube канал има и видео рецепт.
Наздравје нека ви е..!!!

Нема коментара:

Постави коментар

Povrzani sodrzini.

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...

Istaknuti recept.

Bombici so biskviti i zele bomboni./Bomblets are biscuits and jelly candies.

Jedna moja varijanta domasni sitni kolaci,a ednostavni za podgotovka.Mene mi se dopadja i vkusot i izgledot.Sigurno ste vo potraga po nesto ...

Читаоци

Архива чланака

Образац за контакт

Име

Имејл адреса *

Порука *

Posetiteli.

Укупно приказа странице

Content.ad - Widget 3