петак, 16. новембар 2018.

Леб без глутен со тиква и без лактоза маргарин и јаткасти плодови.



Вкусна брза комбинација за сладок леб без глутен.
Комбинација со тиква урми и чоколада го прават многу вкусен и посебно здрав доручек или десерт,за мене повеќе е десерт.
А дополнително брашно од хељда му дава посебен вкус, затоа што секоја состојка си дава своја карактеристика на 🍞 лебче или десерт.
А подготовка е брза и лесна за половина час имате миризлив леб или десерт на маса.
Со лажица се мери зошто така полесно ми е да ги комбинирам состојките и структурата на десерти.
Состојки:
-1 јајце
-5 лажици шеќер
-7 супени лажици масло
-7 супени лажици кисела вода
-сецкани урми по вкус-50г.
-50 г.сецкана чоколада
-1/2 мало лажиче прашок за пециво
-3 супени лажици полни пире од тиква
-6 супени лажици бело брашно
-2 супени лажици брашно од хељда
- морски орев за мирис
- малку шеќер во прав за посипување
Калап големина 21 см- 11см.
Подготовка:
Оваа е мала количина за побрзо да се потроши..😊
Со миксер изматете ги јајцето и шеќер, додека се згусне смесата.
Потоа постепено додавајте ги маслото и водата, додадете го и пире од тиква, кратко промешајте со лажица.
Во сад со брашно од хељда и белото додадете го пециво, и морски орев.
Додадете ги и сецкани урми,измешано со малку брашно,за да не се слепуваат и сецкана чоколада.
Измешајте ги сите состојки полесно да се соединат.
Рерната загрејте ја на почетокот на работа на 200С.
Калап обложете го со масна хартија и истурете ја смесата во калап и ставете го да се пече.
Леб или колач печете го на 200С, околу 13-15 минути се зависи од вашата рерна.
Боцнете со чепкалка и кога е готов извадете го и посипете го со шеќер во прав.
Послужете го веднаш или за вечера, или ваш здрав и вкусен десерт како вас ви одговара.
Убав апетит..!

Нема коментара:

Постави коментар

Povrzani sodrzini.

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...

Istaknuti recept.

Bombici so biskviti i zele bomboni./Bomblets are biscuits and jelly candies.

Jedna moja varijanta domasni sitni kolaci,a ednostavni za podgotovka.Mene mi se dopadja i vkusot i izgledot.Sigurno ste vo potraga po nesto ...

Читаоци

Архива чланака

Образац за контакт

Име

Имејл адреса *

Порука *

Posetiteli.

Укупно приказа странице

Content.ad - Widget 3