уторак, 13. новембар 2018.

Брзи шеќерни плетенки без стасување многу вкусни за појадок.




Брзи пржени шеќерни плетенки, вкусни за појадок бидејќи штом ќе ги замесите за кратко време ќе бидат на ваша трпеза.
Лесно се подготвуваат и се евтини и економични тестенини за секоја домаќинка.
Со мирис на ванила и мека структура се право уживања за сладокусци.
Состојки:
-1 јајце
-1/2 мало лажиче сода бикарбона
- малку пециво
-3 лажици масло од сончоглед
-150 мл.јогурт
-50 мл.слатко млеко
- малку сол
-3 лажици шеќер
- брашно по потреба да замесете средно меко тесто
-1 ванилин шеќер измешајте го со кристален шеќер
Масло за пржење
Подготовка:
Во сад за месење ставете го прво јајце, масло и јогурт, додадете го млекото и шеќерот.
Промешајте ги состојките,и додавајте постепено брашно и сол, сода бикарбона и пецивото.
Замесете убаво мазно тесто и оставете го кратко време да одмори,за полесно да се сука.
Расукајте правоаголна кора, исечете ја по средина водорамно.
Потоа сечете ленти од по 1см.колку прст ширина.
Земајте по две ленти и превртувајте ги додека да ги оформите сите оставете ги малку да отстојат.
Загрејте масло и пржете ги на тивок оган, додека се заруменат.
Извадете ги на кујнска хартија и потоа во измешано шеќер и ванилин шеќер се посипуваат.
Послужете ги уште топли за доручек или вечера, вкусни и декоративни тестенини.
Јас најмногу си ги сакам овие теста кога почнам да месам да завршам брзо,но и услов е да се вкусни...:)

Нема коментара:

Постави коментар

Povrzani sodrzini.

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...

Istaknuti recept.

Bombici so biskviti i zele bomboni./Bomblets are biscuits and jelly candies.

Jedna moja varijanta domasni sitni kolaci,a ednostavni za podgotovka.Mene mi se dopadja i vkusot i izgledot.Sigurno ste vo potraga po nesto ...

Читаоци

Архива чланака

Образац за контакт

Име

Имејл адреса *

Порука *

Posetiteli.

Укупно приказа странице

Content.ad - Widget 3