недеља, 11. новембар 2018.

Мирисни мафини со тиква, највкусни десерт.



Мафини со тиква здрава храна,полни се со витамини и минерали,и тикви не се третираат со хемикалии.А оваа се посебна и понеобична врста мафини.
Затоа што се малку поливат со млеко,меки мирисни и посебно вкусни,за мене највкусни се топат во уста.
А настанаа така што по грешка ставив повеќе гриз,и морав да го преправам рецепт.И вредеше сиот труд имав превкусни колачиња децата ги обожаваат.
Состојки:( мерка 150 млеко филџан)
2 филџани од по 150 мл.рендана позелена тиква на ситно ренде.од зрела тиква потешко се ренда.
1,1/2 филџани шеќер
1,1/2 филџани масло-170мл.
1,1/2 филџани млеко
1 јајце
2 филџани исти пченичен гриз
1 вреќичка прашок за пециво
4 супени лажици брашно
1 филџан ситно сецкани ореви
1 мала лажичка морско оревче во прав
1/2 вреќичка ванилин шеќер

За прелив:
120 мл.млеко
2 лажици супени шеќер

За чоколадна глазура: 💯 г.чоколада истопена со 5 лажици млеко.
+ Ситно сецкани ореви за одозгора

Подготовка:
Тиква излупете ја и изрендајте ја на ситно ренде, ставете ја во сад за матење.
Потоа постепено додавајте ги сите состојки, јајце и шеќер, масло и млеко.
Додадете го гризот и брашното измешано со пецивото, морски орев и ванила.
Додадете ги и сечкани ореви и со лажица соединете ги убаво состојките.
Рерната загрејте ја на 200С.
Во калапи за мафини ставете хартиени корпички,и полнете ги со смесата,но не целосно.
Од оваа смеса излегуваат 18 мафини.
Ставете ги да се печат во загреана рерна на 180С,а печете ги 20 минути,а потоа исклучете ја рерната и оставете ги мафините уште 5-10 мин.
За прелив загрејте го млекото со шеќерот и уште млаки колачиња полијте ги со по малку млеко 1-2 лажици, во калапи.
За крај истопена чоколада со млеко и прелијте ги сите мафини уште додека се во калапи.
Потоа ставете сецкани ореви, оставете ги да се изладат и послужете ги.
За мене највкусни и мирисни мафини, одличен здрав десерт.
Наздравје..!

Нема коментара:

Постави коментар

Povrzani sodrzini.

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...

Istaknuti recept.

Bombici so biskviti i zele bomboni./Bomblets are biscuits and jelly candies.

Jedna moja varijanta domasni sitni kolaci,a ednostavni za podgotovka.Mene mi se dopadja i vkusot i izgledot.Sigurno ste vo potraga po nesto ...

Читаоци

Архива чланака

Образац за контакт

Име

Имејл адреса *

Порука *

Posetiteli.

Укупно приказа странице

Content.ad - Widget 3