четвртак, 08. новембар 2018.

Праски посни колачи со пиво и арома на кокос.



Посни колачиња со преубав изглед и најдобар рецепт за оваков десерт.Меки и мирисни се топат во уста, една моја комбинација на вкусови.
Рецепти за нив имам видено,но не сум ги правела порано.
А сега оваа комбинација навистина ме одушеви,сите домашни ги обожаваат.
Може да си ги направите за посни слави за време на големите пости за празниците.
И уште е добро тоа што не се кварлив десерт,може повеќе време да ги чувате.
Не треба да чекате да омекнат веднаш се мекани и вкусни.
Состојки:
За мерење филџан од 💯 мл.
-1 филџан масло-100мл.
-1 филџан шеќер
-1 филџан пиво
-1 мала лажичка рамна прашок за пециво
-1 вреќичка ванилин шеќер
- брашно по потреба ( мерев 3,1/2.филџани исти).
За фил:
Џем од било кое овошје,4 коцки рендана посна чоколада,3 супени лажици кокос,4-5 лажици ситно сецкани ореви,и трошки што остануваат од колачиња.
Уште и црвена боја и жолта боја.
Подготовка:
Во сад за месење ставете ги масло и пиво, додадете го и шеќерот.
Брашно измешано со пецивото и ванилата, замесете средно меко тесто да не се лепи за рацете.
Обликувајте мали топчиња големина колку жолчки.
Од оваа смеса излегуваат 24 составени колачиња.
Рерната загрејте ја на 200С,а количиња печете ги на 180С,10 минути,до 15 минути зависи од рерна.
Уште додека се топли извадете ја средината на секое колаче со остар нож внимателно.
Во друг сад измешајте ги сите состојки, мармалад,изронета средина од колачиња, кокос, ореви и рендана чоколада.
Полнете ги сите колачиња со фил,и залепете ги по две.
Потоа во две чинији ставете малку вода-50 мл.и боја,во еден сад жолта боја,а во друг сад црвена боја.
Земајте по едно колаче и ставајте го во една боја и во друга боја,и ставете ги на кујнска хартија да се исцедат.
Праските потоа се тркалаат во кристален шеќер.
Послужете ги како десерт со кафе, слави, и секакви свечености,прослави и празници.
Нека ви е слатко..!

Нема коментара:

Постави коментар

Povrzani sodrzini.

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...

Istaknuti recept.

Bombici so biskviti i zele bomboni./Bomblets are biscuits and jelly candies.

Jedna moja varijanta domasni sitni kolaci,a ednostavni za podgotovka.Mene mi se dopadja i vkusot i izgledot.Sigurno ste vo potraga po nesto ...

Читаоци

Архива чланака

Образац за контакт

Име

Имејл адреса *

Порука *

Posetiteli.

Укупно приказа странице

Content.ad - Widget 3