уторак, 04. септембар 2018.

Maрмелад од зрели смокви и банани.



Сезоната на смокви е,a сега и мојата смоква има многу убави вкусни плодови.
Правев слатко oд смокви,а пак од другите смокви што покасно ми узреаја, решив да пробам експеримент.
Комбинирав смокви и банани,за да видам како ќе излезе оваа комбинација.
Ми се допаѓа, вкусен мармелад,за на кришка леб или десерти.
Се изненадив добив вкусен мармелад за сладење,и мачкање на 🍞 леб.
Состојки:
2кг.зрели свежи смокви
800г.чистени банани
800г шеќер
1 ванила или по желба рум.
Подготовка:
Смоквите се мијат и чистат од дршки,а потоа се сечат на парчиња и мелат во блендер.
И банани се лупат и сечкани се мелат во блендер.
Се мешаат заедно банани и смокви,се додава шеќерот,и се ставаат во рерна да се готват на 180-200С.
Се пече мармаладот околу 1час.А може и да го мешате на шпорет.
Извадете малку на тацна и ако е цврст, нема вишок на течности тогаш е готов.
По желба додадете на крај ванилин шеќер или рум,пробав од двете, подеднакво се вкусни и двете ароми.
Соберете го во чисти и суви тегли,и оставете да се излади до наредниот ден.


Нема коментара:

Постави коментар

Povrzani sodrzini.

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...

Istaknuti recept.

Bombici so biskviti i zele bomboni./Bomblets are biscuits and jelly candies.

Jedna moja varijanta domasni sitni kolaci,a ednostavni za podgotovka.Mene mi se dopadja i vkusot i izgledot.Sigurno ste vo potraga po nesto ...

Читаоци

Архива чланака

Образац за контакт

Име

Имејл адреса *

Порука *

Posetiteli.

Укупно приказа странице

Content.ad - Widget 3