уторак, 25. септембар 2018.

Леб месен со лажица, многу вкусен-Питалка-Bread


Леб е храна без која не можеме, посебно ние Балканци.
Го правиме на разни начини,и на секој начин имаме вкусен леб.
Оваа е една варијанта од друга кујна, мене ми се допадна многу.
Нема месење,со лажица се обликува,и со малку повеќе труд имате прекрасен мирисен и мек домашен 🍞 леб..:).
Состојки:(оваа е цела количина,јас правев половина мерка)
500 мл.млеко
350 мл вода
42 г.квасец
1 лажиче сол
2 лажици масло
1 кг.брашно
Подготовка:
Стоплете ги млеко и вода заедно,и во сад за месење ставете го квасецот и сипете малку вода.
Оставете го да се истопи,и потоа додадете ги маслото и солта.
Постепено додавајте го брашното и со лажица замесете меко тесто.
Покријте го со кујнска крпа и оставете го 30 минути додека сташе.
Повторно промешајте го со лажица и пак оставете го да стаса.
Стасаното тесто извадете го на набрашнета површина и со раце поделете го на повеќе (7)топки.
Секоја топка со прсти тапкајте ја дo истенчување,како на сликата подолу.
Истенчени теста ставете ги на кујнска крпа,а предходно наросете ја со брашно.
Покријте ги и оставете ги 15 минути да одстојат.
Рерната загрејте ја на температура од 200С,а 🍞 лебчиња со помош на кујнска лопатка или раце пренесете ги во набрашнета тава.
Секое лебче премачкајте го со масло со четка одозгора.
Печете ги додека се заруменат околу 15-20 минути.
Многу се убави и вкусни домашни тестенини.
Рецепт е од албанска кујна,вкусно a лесно се подготвува.

Нема коментара:

Постави коментар

Povrzani sodrzini.

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...

Istaknuti recept.

Bombici so biskviti i zele bomboni./Bomblets are biscuits and jelly candies.

Jedna moja varijanta domasni sitni kolaci,a ednostavni za podgotovka.Mene mi se dopadja i vkusot i izgledot.Sigurno ste vo potraga po nesto ...

Читаоци

Архива чланака

Образац за контакт

Име

Имејл адреса *

Порука *

Posetiteli.

Укупно приказа странице

Content.ad - Widget 3