субота, 08. септембар 2018.

Мини лиснати пити со шунка вкусен појадок.



Мини лиснати пити со шунка и сирење, многу вкусни домашни тестенини.
За појадок ви ги препорачувам да си ги направите за своите најблиски.
Лесно се подготвуваат, може и со зеленчук да ги правите.
Јас ги правев со киснато тесто а може и со тесто без квасец.
Состојки:
350г.бело брашно т-400
Малку суров квасец
1/2 мала лажичка сол
4 лажици масло
Топла вода по потреба
Шунка околу 200г.
1 јајце
3 коцки младо сирење
Масло за подготовка на пити
Подготовка:
Во сад за месење ставете го брашното и ставете го квасецот и сол со масло, сипете малку топла вода и постепено додавајте вода и замесете го тестото.
Извадете го од садот и измесете го убаво и поделете го на 3-4топки.
Намастете ја тепсија за печење со масло и измазнете ги топчињата тесто, оставете го во тава да одстои 10 минути.
Спремете го филот, исечкајте ја шунката на коцки и додадете го и јајцето.
Измешајте ги убаво,и ставете малку сол.
На работната површина ставете повеќе масло и со раце развлекувајте ги корите по ред.(како што се гледа на сликите подолу)
На готови кори прскајте по малку масло,и од двете страни полека превиткувајте го тестото кон средината.
Потоа завиткајте го во круг,а во средината со раце направете сами длабнатина,и ставете од филот и одозгора по парче сирење.
Загрејте ја рерната на температура од 200С,и кога ги ставите пити да се печат,печете 15минути а после се намалува температурата на 150С.
Печете ги целосно 25-30 минути.
Извадете ги и прскајте ги со малку топла вода,вратете ги пак во рерна за 2 минути, потоа извадете ги и покријте со кујнска крпа.
Уште топли се служат со јогурт, кефир или по желба.
Наздравје и убав викенд..!

Нема коментара:

Постави коментар

Povrzani sodrzini.

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...

Istaknuti recept.

Bombici so biskviti i zele bomboni./Bomblets are biscuits and jelly candies.

Jedna moja varijanta domasni sitni kolaci,a ednostavni za podgotovka.Mene mi se dopadja i vkusot i izgledot.Sigurno ste vo potraga po nesto ...

Читаоци

Архива чланака

Образац за контакт

Име

Имејл адреса *

Порука *

Posetiteli.

Укупно приказа странице

Content.ad - Widget 3