петак, 07. септембар 2018.

Маринирани модри патлиџани и тиквички за салата или зимница.



Модар патлиџан и тиквички комбинација за вкусна салата, може да ја правите за веднаш да си ја јадете или за зимница.
Вкусна е и веганска храна, без глутен и конзерванси.
Состојки:
1кг.модри патлиџани
1кг.тиквички
Сол по вкус
💯 мл.масло
6 чешниња лук
180мл.вински оцет
100мл вода
2 свежи црвени пиперки
Може и бибер во зрно
Магдонос
Подготовка:
Тиквички и модри патлиџани измијте ги и излупете, потоа се сечат на парчиња дебелина од 1/2см.
И едните и другите посолете ги и оставете да отстојат и пуштаат вода.
Исцедете ги и избришете со кујнска хартија.
Тепсија намастете ја со масло и наредете ги и патлиџани и тиквички,и пак ги напрскајте со масло.
Ставете ги да се печат во загреана рерна на температура од 200С ..10 минути.
Лукот и пиперки исечете ги на кругови,и магдонос измијте го и исечкајте.
Печените патлиџани и тиквички редете ги во тегла и наизменично ставете лук, пиперки и магдонос по малку и солете со сол.
Ставете и зрна бибер и по малку од масло.
Наполнети тегли полијте ги со мешавина од зовриена течност од вински оцет и вода-100 мл.
Затворете ги убаво теглите, ако се за салата не треба стерилизација.
Ако се за зимница стерилизација направете во подлабок сад ставете ги тегли и сипете вода.
Зовријте ги како компот 5-10 минути.
Многу вкусна салата,се служи и со сирење за мезе.

2 коментара:

  1. Ne im treba dopolnitelna sterilizacija,provereno stojat ne se kvarat super salata.

    ОдговориИзбриши
  2. Ja pravev salatata i preubava e. Nema da se pogresi ako i nekoj drug se isproba da ja napravi.

    ОдговориИзбриши

Povrzani sodrzini.

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...

Istaknuti recept.

Bombici so biskviti i zele bomboni./Bomblets are biscuits and jelly candies.

Jedna moja varijanta domasni sitni kolaci,a ednostavni za podgotovka.Mene mi se dopadja i vkusot i izgledot.Sigurno ste vo potraga po nesto ...

Читаоци

Архива чланака

Образац за контакт

Име

Имејл адреса *

Порука *

Posetiteli.

Укупно приказа странице

Content.ad - Widget 3