недеља, 16. септембар 2018.

Најдобар 🍞 леб со банани без глутен, без млеко и шеќер,и без јајца и веганска храна.



Многу вкусен леб,бев инспирирана од нет рецепт,но јас сум голем критичар.
Лебот што го видов ми изгледаше глетаво.
Затоа јас направив комбинација од која сум презадоволна, и веднаш сакам да го споделам моето искуство и знаење со вас.
Комбинирав неколку видови на брашно,со овошје и добив многу вкусен леб,мек мирисен,немам зборови.
Пред се здрава храна, без глутен, шеќер, без јајца,и без млеко,и адитиви и јаткасти плодови.
За деца совршен 🍞 леб и десерт, посебно за појадок или вечера.
Истотака и за возрасни е здрав оброк, бидејќи во поново време тоа е актуелна тема и начин на живеење.
А лесно и брзо се подготвува за 45 минути имате мирисен здрав леб.

Состојки:(шоља за мерење 130 мл.)
2 банани ( средно големи)
1 лажица супена 🍯 мед
1 шоља бело брашно без глутен
1/2 шоља брашно од хељда
1/2 шоља зејтин од сончоглед
1 мала лажичка прашок за пециво
1/2 мала лажичка сода бикарбона
1 мала лажичка морско оревче во прав
Малку цимет
1 мала лажичка какао
Подготовка:
Во сад за месење ставете ги прво банани, предходно испасирајте ги.
Додадете го 🍯 мед, зејтин и двете врсти на брашно,и сите други продукти, пециво,сода, цимет, морско оревче, и какао то.
Со лажица соединете ги убаво сите состојки.
Калап намачкајте го со масло и брашно без глутен и сипете ја смесата за леб,израмнете ја убаво.
Рерната загрејте ја на температура од 180С и ставете го да се пече лебот.
На половина печење, намалете ја температурата на 150С.и допечете го 🍞 леб до 30-35 минути.
Проверете го со чепкалка,и потоа уште топол посипете го со малку шеќер во прав,не е задолжително, тој е природно благ мој внук го обожава и за него е торта а не 🍞 леб..😊😋
Наздравје..!

Нема коментара:

Постави коментар

Povrzani sodrzini.

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...

Istaknuti recept.

Bombici so biskviti i zele bomboni./Bomblets are biscuits and jelly candies.

Jedna moja varijanta domasni sitni kolaci,a ednostavni za podgotovka.Mene mi se dopadja i vkusot i izgledot.Sigurno ste vo potraga po nesto ...

Читаоци

Архива чланака

Образац за контакт

Име

Имејл адреса *

Порука *

Posetiteli.

Укупно приказа странице

Content.ad - Widget 3