четвртак, 06. септембар 2018.

Пијани брзи уштипци со јаболки и суво грозје со арома на рум неверојатни на вкус.



Брзи уштипци рецепт за домашна тестенина, лесно се подготвува и се многу вкусни.
Но јас ја изменив малку класичната верзија на подготовка.
И за мене ова се најдобрите уштипци кои ги имам пробано.
Состојки:
1јајце
2 лажици шеќер
1/2 голема јаболка или 1 средно јаболко
Сол на врв на нож
1 лажичка мала ракија
1 лажиче полно пециво
1 ванилин шеќер
30 г.суво грозје потопено со рум
70 мл.јогурт
Брашно по потреба
+2 лажици шеќер во прав за посипување
Повеќе масло за пржење

Подготовка:
Јаболка се чисти и ренда во подлабок сад,суво грозје се полива со рум и на крај се додава во смеса за уштипци.
Се додава јогуртот,јајце,и ракија, шеќер и ванилин шеќер.
Во брашно се меша пециво и сол,и се додаваат во смеса со јаболка.
Со лажица соединете ги убаво сите состојки,и брашно додадете толку колку да добиете смеса погуста од смеса за палачинки.
Додадете го и сувото грозје,и измешајте ги сите состојки.
Оставете 15 минути да одстои,и загрејте повеќе масло во подлабок сад.
Со лажица земајте по полна лажица од смесата,и пржете ги уштипците.(пржете ги на умерена температура)
Извадете ги на хартија,за да ја впие вишокот на маснотиja.
На крајот посипете ги со шеќер во прав,додека се уште топли и и послужете како вкусен појадок, десерт или ужина.
Убав апетит..!

Нема коментара:

Постави коментар

Povrzani sodrzini.

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...

Istaknuti recept.

Bombici so biskviti i zele bomboni./Bomblets are biscuits and jelly candies.

Jedna moja varijanta domasni sitni kolaci,a ednostavni za podgotovka.Mene mi se dopadja i vkusot i izgledot.Sigurno ste vo potraga po nesto ...

Читаоци

Архива чланака

Образац за контакт

Име

Имејл адреса *

Порука *

Posetiteli.

Укупно приказа странице

Content.ad - Widget 3