петак, 21. септембар 2018.

Пикантен ајвар од рерна со ситни пиперки од рерна греани.




Македонски ајвар е прочуен по вкус надалеку,еве и од мене една брза варијанта за подготовка.
Нема печење на шпорет, нема лупење,и најважно идеја за домаќинки кои имаат пиперки во бавчите оние задни.
Кои останале од бербата и не знаат што со нив да прават.
Инаку многу вкусен ајвар,јас ќе правам уште така, моите дома го обожаваат не се познаваат многу лушпи.
Но и лушпи се здрави содржат целулоза која ја помага работата на цревата.
И ајварот е не само вкусен туку и без конзерванси,и без глутен, веганска храна и вегетаријански ручек.
Состојки:
6 -7 кг.разни пиперки ситни како на сликата подолу
4-5 лути пиперки било која врста
300-400 мл.масло
50 мл. вински оцет
Сол по вкус
100г.шеќер
2 полни супени лажици сенф
Подготовка:
Пиперки измиени и исчистени од семки ставете ги во голема тава во рерна на 200С.и загрејте ги 15-20 минути.( ако се запечени малку излупете ги)
Истата постапка повторете ја со сите пиперки.
Потоа со блендер или машинка за мелење месо сомелете ги пиперките.
Вклучете ја рерната на 200С..и во тенџере ставете масло и пиперки, покријте ги со алуминиумска фолија.
Но на една страна оставете простор да испарува вишокот на течности.
Печете го ајварот и на секој половина час промешајте.
Пред крајот извадете ја фолијата за да може целосно да испари вишокот на течност.
Додадете ги вински оцет и шеќер,а на самиот крај додадете го и сенф.
Промешајте го убаво ајварот и кога ќе почне дното на тенџерето да се гледа готов е ајвар.
Соберете го во суви чисти тегли, завиткајте го и оставете да се стерилизира додека се излади.
Целосно време на подготовка на овој вкусен и пикантен ајвар е 2 часа,на 200С.
Количински имате 5-6 мали тегли како на сликата.

Нема коментара:

Постави коментар

Povrzani sodrzini.

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...

Istaknuti recept.

Bombici so biskviti i zele bomboni./Bomblets are biscuits and jelly candies.

Jedna moja varijanta domasni sitni kolaci,a ednostavni za podgotovka.Mene mi se dopadja i vkusot i izgledot.Sigurno ste vo potraga po nesto ...

Читаоци

Архива чланака

Образац за контакт

Име

Имејл адреса *

Порука *

Posetiteli.

Укупно приказа странице

Content.ad - Widget 3