понедељак, 03. септембар 2018.

Миризлив колач со свежи смокви.



Самото име кажува дека се работи за домашен колач со посебен вкус и арома.Рецептот го прилагодив да нема многу маснотии и шеќер.
Следен ден е уште повкусен,мене баш ми се допаѓа,за десерт со кафе,но може и како појадок со чај.
Состојки:
3 јајца
5 лажици шеќер
80 г.топен маргарин или путер
2 супени лажици к.млеко
140г.бело брашно
1 мала лажица прашок за пециво
1 ванила
Свежи зрели смокви
Малку прах шеќер
Малку цимет
Подготовка:
Во сад за матење ставете ги јајцата со шеќерот изматете ги во густа смеса.
Потоа додадете го истопен маргарин,и кисело млеко.
Брашно и пециво со ванилин шеќер измешајте ги,и додадете ги и нив.
Соединете ги убаво сите состојки.
Сипете ја смесата за колачот во предходно намачкан и со брашно посипан калуп...од пречник 24см.
Врз тестото наредете ги смоквите,нив исечете ги претходно на парчиња,како на сликите подолу.
Посипете ги смоквите се малку цимет и кристален шеќер.
Рерната загрејте ја на 200С.ставете да се пече колачот на 180С.30 минути.
Колачот е многу вкусен и мириса многу убаво.
Рецепт за овој вкусен десерт е моја прилагодена комбинација на вкусови.
Наздравје..!
Направете го овој десерт и пратете ме на моја станица на фацебоок за нови рецепти,и на Инстаграм.
@Kujnata.na.torti.Lile
Instagram.stosevskalila

Нема коментара:

Постави коментар

Povrzani sodrzini.

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...

Istaknuti recept.

Bombici so biskviti i zele bomboni./Bomblets are biscuits and jelly candies.

Jedna moja varijanta domasni sitni kolaci,a ednostavni za podgotovka.Mene mi se dopadja i vkusot i izgledot.Sigurno ste vo potraga po nesto ...

Читаоци

Архива чланака

Образац за контакт

Име

Имејл адреса *

Порука *

Posetiteli.

Укупно приказа странице

Content.ad - Widget 3