петак, 28. септембар 2018.

Вкусен овошен колач со модри сливи.



Сезона на сливи помина,а јас имав заостанати во фрижидер,и сакав еден десерт со сливи да си направам.
Овој рецепт го пронајдов во моја архива,и ми се допадна, зошто немам време за нешто посложено за подготовка.
Зафатена со зимница ама сакав десерт со кафе и појадок со шоља млеко,или вечера.
И не згрешив колачот е многу вкусен и мек.
Состојки:
2 јајца
200 г.шеќер
250 г.брашно
100 г.маст- свинска- или путер
1 прашок за пециво
2 ванилин шеќер
Млеко по потреба да се добие погусто тесто од тесто за палачинки-околу 130 мл.
Модри сливи исечени на четвртинки
Подготовка:
Ставете ги во сад за матење јајца со шеќерот и матете додека се истопи шеќер.
Потоа додадете го маст, брашното со прашокот за пециво и 1 ванила.
Промешајте ги состојките убаво.
И постепено додавајте го млекото,и соединетите ги сите состојки.
Калап со пречник од 26 см, намачкајте го со масло и посипете со брашно,и сипете ја смесата.
Рерна вклучете ја порано да се загрева на температура од 200С.
Врз тестото наредете ги исечканите модри сливи,и посипете ги со ванилин шеќер.
Ставете го колачот да се пече на 180С,и печете го 40 минути.
Повремено намалете ја температурата зошто колач има потечна структура,и овошје и треба подолго да се пече и на потивко.
На крајот извадете го изладениот колач посипете го со малку шеќер во прав.
Многу е вкусен и лесен за подготовка.
Убав апетит..!

Нема коментара:

Постави коментар

Povrzani sodrzini.

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...

Istaknuti recept.

Bombici so biskviti i zele bomboni./Bomblets are biscuits and jelly candies.

Jedna moja varijanta domasni sitni kolaci,a ednostavni za podgotovka.Mene mi se dopadja i vkusot i izgledot.Sigurno ste vo potraga po nesto ...

Читаоци

Архива чланака

Образац за контакт

Име

Имејл адреса *

Порука *

Posetiteli.

Укупно приказа странице

Content.ad - Widget 3