четвртак, 27. септембар 2018.

Ручек од модри патлиџани полнети со пикантни димени колбаси,вистински деликатес.



Рецепт за домашен вкусен ручек, лесно и брзо се подготвува,но е посебно убав.
А сезона на изобилство од зеленчук и овошје треба да се искористи.
Колбаси во комбинација со јајца и други додатоци го прават јадењето многу вкусно.
Сакав да направам ручек од модри патлиџани,но со нешто ново што не сум го пробала,и оваа беше баш онаа што го сакам.
Видов многу комбинации на нет,со месо, ориз,сум пробала такви јадења,но овојпат оваа е вистински деликатес барем за мене а верувам и за други гурмани..:).
Состојки:(за две лица)
1 средно голем патлиџан
3-4 Шери 🍅 домати или било која врста
6-7 лажици супени сос од домати
2 парчиња димени лути колбаси
1 поголемо јајце
50 г.кашкавал
1/2 средно голема главица кромид
2 чена лук
1 жолта или зелена пиперка
Масло
Сол по вкус.
Бибер во прав
Сув или свеж магдонос
100 мл.вода
Подготовка:
Измијте ги зеленчуци,на патлиџан исечете му ја дршката,и исечете го на три дела.
Со 🔪 нож и лажица извадете ја средината,и од страна излупете го декоративно.
Во сад за печење ставете масло и средниот дел од патлиџани исечете го поситно и ставете го во тава.
Ставете ги и патлиџани свртени нагоре со издлабени делови, како на сликата подолу.
Прскајте ја смесата и патлиџани,со масло и посипете со сол по вкус.
Спремете го филот, исечкајте ги ситно колбаси во чинија, додадете го јајцето и малку сол.
Од ова смеса ставајте во патлиџани и ставете и по една половина од Шери 🍅 домати, како на сликата подолу.
На смесата од страна во тава додадете го сечканиот кромид и лук и сечкана пиперка сечени Шери 🍅 домати и сос од домати и сипете ја и вода.
Зачинете го јадењето со малку сол, бибер, малку магдонос и попрскајте се со масло,да навлезе и во средината на патлиџани.
Наредете одозгора повеќе од кашкавалот.
Ставете ја тавата во загреана рерна на 180С.
А за кашкавал да не ви загори само врз патлиџани ставете малку хартија за печење,и ќе имате вистински вкусен ручек.
Јадење печете го 40 минути.
Послужете го уште топло јадењето,и украсете со свежи гранчиња магдонос.
Наздравје..!


Нема коментара:

Постави коментар

Povrzani sodrzini.

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...

Istaknuti recept.

Bombici so biskviti i zele bomboni./Bomblets are biscuits and jelly candies.

Jedna moja varijanta domasni sitni kolaci,a ednostavni za podgotovka.Mene mi se dopadja i vkusot i izgledot.Sigurno ste vo potraga po nesto ...

Читаоци

Архива чланака

Образац за контакт

Име

Имејл адреса *

Порука *

Posetiteli.

Укупно приказа странице

Content.ad - Widget 3