среда, 26. септембар 2018.

Сечкана жива туршија со малку конзерванси, меѓу најдобрите рецепти.



Одвреме навреме јас менувам рецепт за подготовка на зимница,така и минатата година пробав од овој рецепт и многу ми се допадна па еве и со вас да го споделам.
Рецепт ми е од комшивката,ми се допаѓа што не е многу солена,ниту кисела,а пак мирис на конзерванси е минимален.
Состојки:(за 20 литри буре)
Зеленчук по сопствена желба, пиперки,благи и некоја и лута.
Зелени домати, карфиол, моркови, корнишони,1 главица кромид,црн бибер во зрно.
Сите зеленчуци измијте ги и исечете ги покрупно.
Ставете ги во буре, додадете го и бибер во зрна исечете го и кромидот,и подгответе го преливот.
За прелив:
-11литри вода
-1 литар алкохолни оцет
-400 г.шеќер
-400 г.морска крупна сол
1/2 вреќичка винобран од (10 г половина)
2 конзерванси-20 г.
Ставете ги водата и шеќерот и солта на оган во тенџере, додадете ги и винобран и конзерванси,и оцет.
Се заедно нека зоврие 5 минути потоа сипете ја врела течност во буре врз зеленчук.
Ставете пластична решетка и со чист и извриен во врела вода камен притиснете,да не ви се гледа зеленчук да не скапува.
Значи целосно да е покриен со течност.
Туршија стои долго,не скапува и не фаќа плес, бистра и вкусна.
Потребно е да се преточи некој пат да се изедначи смесата.

Нема коментара:

Постави коментар

Povrzani sodrzini.

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...

Istaknuti recept.

Bombici so biskviti i zele bomboni./Bomblets are biscuits and jelly candies.

Jedna moja varijanta domasni sitni kolaci,a ednostavni za podgotovka.Mene mi se dopadja i vkusot i izgledot.Sigurno ste vo potraga po nesto ...

Читаоци

Архива чланака

Образац за контакт

Име

Имејл адреса *

Порука *

Posetiteli.

Укупно приказа странице

Content.ad - Widget 3