уторак, 25. септембар 2018.

Шампита без глутен со јајца без млеко.



Шампита без глутен, името е на стар десерт,кој беше многу актуелен во времето кога бевме млади.
Во слаткарница одевме на шампита.Форма на шампита како колач е правоаголна основа,но ние така ја сакавме да е како торта.
И кога јас се омажив и станав домаќинка.
Сакав многу да правам слатки,и шампита ,колачот ултра нон плус,и многу други,беше меѓу моите први успешни десерти.
Оваа е инспирација од мој стар рецепт но со мали измени.
Одличен како замена за торта со шлаг,за лица алергични на млеко,глутен,и јаткасти плодови.

Состојки:за 8 сервирања.
2 јајца
2 лажици шеќер во прав
2 лажици масло
2 лажици вода или млеко од кокос
3 супени лажици полни брашно без глутен
Малку прашок за пециво.
8 супени лажици шеќер кристален
+ 2 супени лажици шеќер во прав за шампита
+3 супени лажици вода за шам
- рендана чоколада за декорација
Подготовка:
Поделете ги белките од жолчки, жолчки ставете ги во сад за матење и додадете 2 лажици шеќер во прав.
Матете убаво да се згусне смесата, потоа додадете го маслото и вода, промешајте лесно,и додадете го и брашно, соединете ги полека состојките и сипете во калап со пречник од 20 см.
Рерната загрејте ја на температура од 200С,а кога ќе ја ставите торта намалете на 170-180С.
Тестото се пече само 7-8 мин.зошто е тенко да биде меко и вкусно.
За шам, изматете ги двете белки со две лажици шеќер во прав.
А кристален шеќер ставете го во мал сад и додадете 3 супени лажици вода,се зоврива на шпорет додека се истопи шеќер,и уште малку треба да врие,за да се згусне смесата.
Врел шербет се додава во изматените белки, во тенок млаз.
Цело време белките се матат,и се продолжува со матење да се добие цврста маса.
Се става торта на чинија,се нанесува шлаг од белки,се измазнува убаво,и се наросува со крупно рендана чоколада.
Тортата е многу вкусна и со кремаста структура, одличен десерт за деца и возрасни..
Коментар на мојот внук е вкусно е бабо...😀😉
А сите рецепти за глутен, десерти и 🍞 леб ќе ги има на блог,за моите деца, и деца од целиот свет.



Нема коментара:

Постави коментар

Povrzani sodrzini.

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...

Istaknuti recept.

Bombici so biskviti i zele bomboni./Bomblets are biscuits and jelly candies.

Jedna moja varijanta domasni sitni kolaci,a ednostavni za podgotovka.Mene mi se dopadja i vkusot i izgledot.Sigurno ste vo potraga po nesto ...

Читаоци

Архива чланака

Образац за контакт

Име

Имејл адреса *

Порука *

Posetiteli.

Укупно приказа странице

Content.ad - Widget 3