недеља, 23. септембар 2018.

Модерна штрудла со јаболка и малини со арома на цимет.



Мој денешен рецепт е штрудла, вкусен појадок или десерт,прекрасно мириса и е вистински деликатес од кујна.
Посебно сега 😊 кога е сезона на јаболка, искористете ги и вие направете си вкусен појадок.
Може да ја правите со домашно тесто или купено.
Инаку ова штрудла не само што е вкусна туку има малку шеќер и може и повеќе да си јадете.
Јас ја направив од домашно тесто.
Состојки:
За тесто.
350г.бело брашно т-400
50 мл.масло од 🌻 сончоглед
1/2 вреќичка сув квасец
1 мала лажичка сол
3 мали лажички шеќер
1 вреќичка ванила
Вода по потреба да се замесува средно тесто- до 200 мл.

За фил:
2 средно големи јаболка
1 вреќичка ванилин шеќер
2-3 лажици браон шеќер
-малку цимет
-1лажица брашно или гриз
- малини од фрижидер или свежи
- 1 жолчка за премачкување
Малку шеќер во прав за посипување
Подготовка:
Во сад за месење ставете го квасецот и малку топла вода, оставете го да стаса-10 минути.
Потоа додадете го шеќерот и солта, масло и ванилин шеќер,со топла вода замесете го тестото.
Извадете го тестото на работната површина и расукајте кора како на пример на сликите подолу.
Спремете го филот, излупете ги јаболката и изрендајте ги, ставете цимет, брашно, шеќер и ванилин шеќер.
А од ванила оставете малку за посипување одозгора.
Ставете го филот во средина и по средината врз јаболка ставете ги малини во еден ред,и од страна засечете го тестото кон средината како на пример на сликите.
Потоа со раце плетете плетенка и премачкајте ја со жолчка и посолете со ванилин шеќер.
Оставете ја штрудла да одстои 45 минути,за тоа време загрејте ја рерната на температура од 200С,и печете ја штрудла 30 минути на 180С, додека се зарумени.
Извадете ја од рерна и посипете ја со шеќер во прав,и украсете со малини.
Многу вкусна брза и интересна тестенина.
Наздравје,..!

Нема коментара:

Постави коментар

Povrzani sodrzini.

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...

Istaknuti recept.

Bombici so biskviti i zele bomboni./Bomblets are biscuits and jelly candies.

Jedna moja varijanta domasni sitni kolaci,a ednostavni za podgotovka.Mene mi se dopadja i vkusot i izgledot.Sigurno ste vo potraga po nesto ...

Читаоци

Архива чланака

Образац за контакт

Име

Имејл адреса *

Порука *

Posetiteli.

Укупно приказа странице

Content.ad - Widget 3