петак, 21. септембар 2018.

Кокос торта и мафини со брашно без глутен со јајца.



И оваа торта е една моја лична комбинација на брашно без глутен со јајца, без млеко од животинско потекло,и без јаткасти плодови.Вкусна и лесно се подготвува, и брзо-едноставно.
Засега мораме така да ги правиме овие десерти, како што пишував во претходните постови.
Рецепти се за мојот внук,кој многу ги сака,а мојата среќа е голема.
Затоа и вие кога ги правите овие десерти или 🍞 леб држете се до рецептот, зошто може да се случи да не ви успее.
Торта и мафини,со арома на кокос ми излезе многу вкусен десерт.Добив пофалби од бабино срценце дека е вкусно...☺ беше среќен многу,и еве рецепт за големи и мали за сите.
Состојки:
2 јајца
8 супени лажици шеќер
8 супени лажици масло
7 супени лажици млеко од кокос или минерална вода
2 лажици рамни мармелад од кајсии
8 супени лажици брашно без глутен
3 супени лажици брашно од просо
1 мала рамна лажичка прашок за пециво
4 супени лажици кокосово брашно( по вкус додадете ореви, чоколада, лешници кој што сака и може да јаде)
За одозгора по ваша желба прелијте ја тортата со чоколада и друго.
Подготовка:
Јајца ставете ги прво белки и шеќер во сад за матење изматете ги убаво.
Додадете ги жолчките и матете додека се соедини смесата.
Потоа додадете масло, млеко или вода,и мармалад,и лесно со лажица промешајте.
Брашното и двете врсти измешајте ги со пециво и кокос и нив додадете ги во сад со јајца.
Целта смеса измешајте ја убаво со лажица лесно.
Намачкајте го калапот за печење со пречник од 20см.ставете хартија за печење,и спремете и калапи за мафини.
Сипете дел од смесата во калап 3/3,и дел од смесата во калап за мафини.
Рерната загрејте ја предходно на 200С а мафини и торта печете ги 10 минути на температура од 180-150 С.
Ќе имате вкусни специјалитети, без глутен,брзи и едноставни, секој може да ги направи,за појадок со чај или вечера,и десерт.

Нема коментара:

Постави коментар

Povrzani sodrzini.

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...

Istaknuti recept.

Bombici so biskviti i zele bomboni./Bomblets are biscuits and jelly candies.

Jedna moja varijanta domasni sitni kolaci,a ednostavni za podgotovka.Mene mi se dopadja i vkusot i izgledot.Sigurno ste vo potraga po nesto ...

Читаоци

Архива чланака

Образац за контакт

Име

Имејл адреса *

Порука *

Posetiteli.

Укупно приказа странице

Content.ad - Widget 3