понедељак, 17. септембар 2018.

Вкусна пашта е фажол со бел грав.



Оваа комбинација на вкусови,грав со тестенини всушност е по потекло италијански специјалитет.
Јас како љубител на нови јадења, решив да пробам и нешто ново од други култури.
И оваа јадење ми се допадна, може и без леб да се јаде,самата тестенина му дава посебен вкус.
Вие можеби сте го пробале овој специјалитет,но некои пак ќе се инспирирани од мене и ќе го прават.
По правило гравот треба да е кафеав,но јас имам од тетовец,кој е исто вкусен.
Состојки:
50 мл. масло
100 г.сечкан кромид
💯 г.месеста сланина
4 чена лук
150 мл.вода- по потреба
1 лажица зачини,и бибер, и ѓумбир
1 ловоров лист
1лажица црвен мелен пипер.
400г.варен грав ( ако имате кафен)
2 лажици кечап или сос од домати
150г.спирална ситна тестенина
Магдонос
Подготовка:
Во тава на врело масло пропржете го кромидот,исечете ја сланината на коцки и ставете ја со кромид да се пржат.
Додадете го сецканиот лук и додадете малку вода.
Откако ќе зоврие додадете го и ловоров лист и зачини и малку сол, динстајте ги 10 минути.
Гравот предходно сварете го на вообичаен начин, првата вода се истура,се сипува ладна вода и се вари гравот додека омекне.Јас малку го преварив,но е вкусен,и ја задржи формата.
Во тава со кромид додадете го и варен грав и кечап или сос од 🍅 домати и црвен пипер.
Тестенини исто претходно сварете ги,не целосно, и нив додадете ги во тава со грав.
Измешајте ги убаво состојките,и додадете 1лажица сув магдонос и варете го јадењето неколку минути, важно е да не ви се исуши, јадење треба да има сочен изглед.
Послужете го јадењето додека е топло посипете го со свеж магдонос,или рендано сирење.
Убав апетит..!

Нема коментара:

Постави коментар

Povrzani sodrzini.

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...

Istaknuti recept.

Bombici so biskviti i zele bomboni./Bomblets are biscuits and jelly candies.

Jedna moja varijanta domasni sitni kolaci,a ednostavni za podgotovka.Mene mi se dopadja i vkusot i izgledot.Sigurno ste vo potraga po nesto ...

Читаоци

Архива чланака

Образац за контакт

Име

Имејл адреса *

Порука *

Posetiteli.

Укупно приказа странице

Content.ad - Widget 3