недеља, 16. септембар 2018.

Лиснати кроасани со сирење.



Инспирација за овој рецепт ми беше албанска кујна, иако сме мултиетничка средина, сепак признавам малку знаеме за оваа кујна.Иако мислам дека имаме слични кујни и рецепти.
Случајно наидов на рецептот и ми се допадна,го направив и еве сега 😊 со вас ќе го споделам.Има мала измена на рецепт но во суштина е ист.
Кроасани се многу вкусни и мирисаат како пресно тесто.
Состојки:
1 јајце
1 белка..( жолчка оди за премачкување)
1/2 вреќичка сув квасец
100 мл.јогурт
💯 мл.млеко
1 мала лажичка сол
1 мала лажичка шеќер
За фил ставете сирење или по вкус и со крем.
Истопен маргарин за премачкување кора
Подготовка:
Во сад за месење ставете го квасецот и малку топла вода, додадете ги шеќерот и солта, оставете 10 минути да се истопи квасец.
Млеко стоплете го малку,и потоа ставете го во сад, додадете го и јогуртот,и јајце.
Потоа додадете го брашното и замесете тесто средно меко.
Поделете го на два дела,оформете топки, оставете ги 10 минути.
Потоа расукајте ја првата кора поголема,и премачкајте ја со истопен маргарин.
Пример има на сликите подолу, засечете ја кора од крајот на повеќе места.
Преклопете ги краевите и оставете на страна.
Истата постапка повторете ја со другата кора,и оставете ја и неа.
Првата кора повторно расукајте ја поголема,и исечете ја како за кифлички.
На краевите ставете го сирењето и мотајте кроасани.
Штом сте ги оформиле сите кроасани премачкајте ги со жолчка пред печење.
А оставете ги да стасаат 1,5 до 2 часа.
Печете ги на 230-250С, околу 15 минути додека се заруменат.
Послужете ги уште топли многу се вкусни и мирисаат убаво.
За родендени и појадок или слава се одлични.
Наздравје...!

Нема коментара:

Постави коментар

Povrzani sodrzini.

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...

Istaknuti recept.

Bombici so biskviti i zele bomboni./Bomblets are biscuits and jelly candies.

Jedna moja varijanta domasni sitni kolaci,a ednostavni za podgotovka.Mene mi se dopadja i vkusot i izgledot.Sigurno ste vo potraga po nesto ...

Читаоци

Архива чланака

Образац за контакт

Име

Имејл адреса *

Порука *

Posetiteli.

Укупно приказа странице

Content.ad - Widget 3