петак, 14. септембар 2018.

Овошна карамела торта.



Овошна торта со карамел прелив, вкусна кремаста и брза торта.
Едноставна и со убав изглед,јас така сакав да ми изгледа освежително.
Оваа е моја роденденска торта,за мој роденден.
На моите пријатели и фамилијата им се допаѓа,со 4 јајца голема и вкусна торта.
Состојки:( за тесто)
4 јајца
90 г.кристален шеќер
90 г.шеќер во прав
80 г.пченично брашно
100 г.густин
1/2 вреќичка прашок за пециво
125 мл.масло за јадење
2 лажици млеко
боја во прав- розова или какао-2 лажици.
За фил:
400 мл.слатка павлака
9 лажици мармалад од праски
1 мала чинија сечкани праски од компот
1,1/2 вреќичка желатин
1вреќичка ванилин шеќер
300 млеко вода
100 г.мелени бисквити
100 г.шеќер во прав за во фил
100 мл.сок од праски за кори
Декорација:
100 г.чоколадирано суво грозје за декорација
За прелив 9 карамела бомбони истопени со 3 лажици слатка
павлака.
Малку сецкани ореви.
Подготовка:
Јајца и двете врсти шеќер изматете ги во сад во густа смеса.
Додадете го маслото и млеко, измешајте ги брашното и густин со прашок за пециво и розова боја.
Додадете ги во сад со јајца,со лажица соединете ги полека состојките.
Тава со обрач бр:26 намастете ја и обложете ја со хартија за печење, сипете ја смесата и печете во загреана рерна 30 минути,на температура од 150С.
Извадете ја тортата да се излади.
За фил,со малку ладна вода потопете го желатинот и ставете на оган вода да се загрева.
Ставете го и желатинот и со жица мешајте додека да почне да зоврие.
Додадете го мармаладот од праски и мешајте додека се соедини смесата, потоа додадете ги и крупни парчиња од праски од компот.
Слатка павлака изматете ја убаво со шеќер во прав,и во една мала здела оставете за завршна декорација.
Во друг дел измешајте ја павлаката со мелени бисквити и мармалад и желатин.
Со лажица соединете ги убаво состојките.
Торта пресечете ја на 3 или 2 дела и филувајте.
Прво корите полијте ги со сок од праски или портокал.
Нанесете половина од филот и потоа ставете ја другата кора и неа полијте ја со сок и премачкајте со фил и странично.
Кога сте ја премачкајте целата торта нанесете од бел фил за одозгора што е одделен во мал сад.
Средината на тортата јас ја украсив со помош на стикер и какао во прав.
За прелив истопете ги карамели со слатка павлака, и додека е смесата уште млака полијте ги краевите на тортата.
Украсете со чоколадно суво грозје.
Од страна на тортата се става ситно сецкани ореви.
Наздравје..!

Нема коментара:

Постави коментар

Povrzani sodrzini.

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...

Istaknuti recept.

Bombici so biskviti i zele bomboni./Bomblets are biscuits and jelly candies.

Jedna moja varijanta domasni sitni kolaci,a ednostavni za podgotovka.Mene mi se dopadja i vkusot i izgledot.Sigurno ste vo potraga po nesto ...

Читаоци

Архива чланака

Образац за контакт

Име

Имејл адреса *

Порука *

Posetiteli.

Укупно приказа странице

Content.ad - Widget 3