среда, 12. септембар 2018.

Ванилички без глутен и млеко.



Ванилички без глутен и млеко, исто така се и без јаткасти плодови.
Многу вкусни домашни мини колачиња, рецепт го креирав сама,да биде прилагоден.
Зошто мојот внук не смее кикирики, млеко и други јаткасти плодови.
Но штом ги проба колачињата веќе не сакаше со никого да ги дели...😀
Секако внук ми помогна и во вадење на форми.
Може да се додаваат и други продукти но така ги сакаше малиот,вие по желба додадете си мелени ореви и сл.
Состојки:
1јајце
9 лажици бело брашно без глутен
4 лажици брашно од овес-мелено на домашен млин.(од овесни снегулки).
1 супена лажица свинска маст
2 лажици браон шеќер
1 вреќичка ванилин шеќер
1 мала лажичка какао
-шеќер во прав
Мармалад ако сакате да ги лепите..(мене ми беше кажано без мармалад бабо)...😀
Подготовка:
Во сад за матење ставете ги јајце, шеќерот и маст, додадете го и ванилин шеќер.
Со лажица соединете ги убаво,потоа измешајте ги двете брашна и какаото, и нив додадете ги во сад со јајце и маст.
Замесете убаво мазно тесто,и веднаш расукајте кора внимавајте да не е тенка.
Со калап вадете форми и редете ги во тава на масна хартија.
Рерната загрејте ја на 200С. колачињата печете ги на 180С до 7 минути.
Извадете ги и уште топли посипете ги со шеќер во прав.
Послужете ги така или лепете по две како ванилички.
Многу вкусни и здрави домашни колачи.

Нема коментара:

Постави коментар

Povrzani sodrzini.

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...

Istaknuti recept.

Bombici so biskviti i zele bomboni./Bomblets are biscuits and jelly candies.

Jedna moja varijanta domasni sitni kolaci,a ednostavni za podgotovka.Mene mi se dopadja i vkusot i izgledot.Sigurno ste vo potraga po nesto ...

Читаоци

Архива чланака

Образац за контакт

Име

Имејл адреса *

Порука *

Posetiteli.

Укупно приказа странице

Content.ad - Widget 3