субота, 01. септембар 2018.

Леб без глутен и без јајца, без млеко со мешавина на повеќе брашна..



Рецепт за домашен леб без глутен, вкусен и здрав, направен од брашно од хељда и брашно без глутен,со уште друга врста на брашно.Оваа комбинација го прави вкусен и различен од другите лебови.А јас сум во потрага по убав вкус на леб,и често пати правам нови рецепти со нови комбинации.
Состојки:
350г.бело брашно без глутен
1 филџан од кафе овесни снегулки (се мелат на домашен млин)
3 лажици брашно од хељда
Топла вода по потреба
1 лажиче сол
2 лажички шеќер
1/4 од коцка свеж квасец
Псилиум количина колку лешник
4 лажици масло
Семе од сусам и мах
Подготовка:
Во сад за месење ставете ги сите состојки- брашно и псилиум.
А во средината направете длабнатина и ставете го квасецот и сипете малку топла вода.
Оставете го да се истопи, и додадете го, маслото, шеќерот,сол, сипете уште топла вода и замесете го тестото.
Покријте го со крпа и оставете го да стаса убаво.
Стасаното тесто се вади на работната површина,се промесува,и се обликува векна.
Со топла вода и малку масло се премачкува и посипува со семе од афион и сусам.
Се остава уште да стаса и пече во веќе загреана рерна на температура од 180С.околу 30 минути.
Се служи топло со џем,или друго по вкус.
Инаку многу интересна тестенина, здрава храна и диетален леб 🍞.

Нема коментара:

Постави коментар

Povrzani sodrzini.

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...

Istaknuti recept.

Bombici so biskviti i zele bomboni./Bomblets are biscuits and jelly candies.

Jedna moja varijanta domasni sitni kolaci,a ednostavni za podgotovka.Mene mi se dopadja i vkusot i izgledot.Sigurno ste vo potraga po nesto ...

Читаоци

Архива чланака

Образац за контакт

Име

Имејл адреса *

Порука *

Posetiteli.

Укупно приказа странице

Content.ad - Widget 3