среда, 05. септембар 2018.

Омлет со тиквички,и пиперки, посебно вкусен,брз вегетаријански ручек за 30 минути.



Омлет со тиквички и пиперки мене лично многу ми се допаѓа ова комбинација.
Сакав да си јадам брзо и вкусно вегетаријанско јадење,па си направив комбинација која ме одушеви.
Брзо се прави,и е за мерак за оние кои работат и сакаат вкусен ручек или појадок,не сум баш сигурна,не прочитав,но мислам може и како хроно појадок.Исто така и ручек без глутен, вегетаријански ручек.
Состојки:(за1 поголем омлет)
1/2 мала тиквичка
1/2 свежа црвена пиперка
1 поголемо јајце
Сол по вкус
Мелен црн бибер
Малку тврдо кравјо сирење
Магдонос 3 гранчиња
Масло за пржење
Подготовка:
Се лупи тиквичка и ренда,се посолува и остава да пушти вода.
Пиперка исчистена се сече на тенки кругови.
Јајце се додава во сад во кој се става мало парче сирење, издробете го предходно со вилушка, додадете го исечканиот магдонос и бибер.
Тиквички исцедете ги од вишокот на вода.
И со пиперки заедно ставете ги во тава,во која сте додале масло и пржете ги додека малку омекнат околу 2-3 минути.
Извадете ги од тиган и ставете ги во сад со јајца и сирење (како на сликата подолу).
Во тиган ставете пак малку масло,јас користам Делимано и не ми ми се лепи.
Измешајте ги тиквичките со јајца и во загреана маснотија во тава сипете ја целата смеса.
Намалете на тивко и пржете додека да се добие убава боја.
Превртете го омлетот и од друга страна да се зацрви-запече.
Ако сакате за повеќе лица само зголемете ја количината на состојките.
Се служи топло јадење,со сирење 🍅 домати и црн домашен леб.
Наздравје..!

Нема коментара:

Постави коментар

Povrzani sodrzini.

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...

Istaknuti recept.

Bombici so biskviti i zele bomboni./Bomblets are biscuits and jelly candies.

Jedna moja varijanta domasni sitni kolaci,a ednostavni za podgotovka.Mene mi se dopadja i vkusot i izgledot.Sigurno ste vo potraga po nesto ...

Читаоци

Архива чланака

Образац за контакт

Име

Имејл адреса *

Порука *

Posetiteli.

Укупно приказа странице

Content.ad - Widget 3