четвртак, 09. август 2018.

Солени крофни со пармезан.



Бидејќи обожавам солени тестенини денес за доручек направив нешто ново.Солени крофни со пармезан,но може и биено сирење или домашно жолто сирење.
Многу се вкусни а може и со крем да се јадат.
Јас со солени прилози ги сакам,со кечап,кисело млеко или павлака.
(јас правев пола доза за 3 лица).а рецепт е за 4-5 лица.

Состојки:
500 г.бело брашно т-400
20г свеж квасец-половина коцка
50г.маргарин
80 г.пармезан или биено сирење или кашкавал
2 јајца
сол половина лажичка
малку мелен црн пипер
Масло за пржење
-уште треба и пармезан и рендан кашкавал за одозгора
Вода по потреба да се замесува средно меко тесто.

Подготовка:
Се замесува тесто од брашното и скиснатиот квасец, јајца и маргарин кој се става во млака вода со квасец како на сликите подолу.(да омекне малку)
Се додава пармезан сол и црн пипер,и со топла вода се меси еластично тесто.
Тестото добро се меси и остава да отстои кисне 1час.
Потоа се вади од садот и се развива кора дебела колку прст.
Се вадат со чаша крофни како на сликата подолу.
Се остава да отстоијат 5 минути и се пржат во повеќе маснотија на умерена температура.
Уште топли крофни се вадат на салфетка да ја впива вишокот на маснотија.
Веднаш после се тркалаат во пармезан уште топли да се залепи за нив.
Многу се вкусни и меки може да ги јадете за појадок или вечера.
Прилог за јадење може,сирење,к.млеко,кечап или полнете ги со шунка.
Убав апетит..!

Нема коментара:

Постави коментар

Povrzani sodrzini.

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...

Istaknuti recept.

Bombici so biskviti i zele bomboni./Bomblets are biscuits and jelly candies.

Jedna moja varijanta domasni sitni kolaci,a ednostavni za podgotovka.Mene mi se dopadja i vkusot i izgledot.Sigurno ste vo potraga po nesto ...

Читаоци

Архива чланака

Образац за контакт

Име

Имејл адреса *

Порука *

Posetiteli.

Укупно приказа странице

Content.ad - Widget 3