понедељак, 06. август 2018.

Торта со сецкани урми.



Торта со урми,брз колач, лесен за подготовка но многу вкусен и едноставен десерт.
Ако сакате вкусен и брз десерт оваа е за вас вистински избор.
Бидејќи десерти со суво овошје се многу вкусни, уште и ако се со прелив се интересни и примамливи.

Состојки:
4 јајца
10 лажици шеќер
60 мл.млеко
60 мл.масло
10 лажици брашно
4 лажици пченичен гриз
1 лажиче морско оревче во прав
1 прашок за пециво
1 лажица какао
100 г.сецкани суви урми посипани со две лажици брашно.
-малку кокосово брашно за одозгора

За прелив:500 г шеќер да зоврие со 400 мл. вода,10 минути.
Подготовка:
Урмите исечете ги ситно и посипете ги со двете лажици брашно.
Тавче бр.28см намачкајте го со масло и посипете со брашно.
Изматете ги во сад за матење, јајца со шеќерот во густа смеса.
Потоа додадете ги маслото и млеко, брашно и гриз со прашок за пециво, морско оревче и какао.
Лесно промешајте ги состојките,и вмешајте ги и урмите.
Со лажица соединете ги убаво сите состојки.
Сипете ја смесата во намачкано тавче.
Печете во загреана рерна на температура од 180С...15 минути.
Готова торта се остава да се излади и потоа се сече на парчиња по желба,и се прелива со врел сируп.
Готова торта се посипува со кокос кој и дава посебен вкус и арома.
Убав апетит..!

Нема коментара:

Постави коментар

Povrzani sodrzini.

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...

Istaknuti recept.

Bombici so biskviti i zele bomboni./Bomblets are biscuits and jelly candies.

Jedna moja varijanta domasni sitni kolaci,a ednostavni za podgotovka.Mene mi se dopadja i vkusot i izgledot.Sigurno ste vo potraga po nesto ...

Читаоци

Архива чланака

Образац за контакт

Име

Имејл адреса *

Порука *

Posetiteli.

Укупно приказа странице

Content.ad - Widget 3