петак, 03. август 2018.

Најдобар мармалад од праски.




Најдобар мармалад од праски, вкусен,и одличен избор за доручек или за подготовка на слатки.Мојот внук го обожава, што значи дека е навистина вкусен.А(праските подобро е да се мелени)

Состојки:
3 кг.праски
1,500 г.шеќер
1/2 вреќичка растопен желатин

Подготовка
Праските се мијат, и во поголемо тенџере ставете вода околу 2 литра да зоврие.
Праските ставете ги во врела вода и оставете ги да вријат 5 минути, колку кора да им се одели.
Потоа извадете ги од тенџере,и истата постапка повторете ја со други праски.
Откако ќе се изладат малку,отстранете ја кората на праските,а ако имаат цврста кора,со нож за лупење компири лесно се отстранува.
Излупени праски исечете ги на поситни парчиња и ставете ги во тенџере за подготовка.
Се додава шеќер и поклопени се оставаат да отстојат да пуштат сок.
Се ставаат на шпорет и се мешаат непрекинато додека се згусне смесата.
При крај омекнете го желатинот со вода и додадете го во мармаладот, и варете го уште малку.
Мармалад се вари целосно 1 час и половина.
Уште топол мармалад се собира во чисти и суви тегли.
Се виткаат тегли со некоја прекривка, или старо ќебе и сл.

Совет: бидејќи праските содржат повеќе сок,и на почетокот на подготовка го пуштаат.
Јас штом ми проврие мармаладот после 15 минути, околу 500 мл.сок го извадив и собрав во шише за пиење.
Така се скратува времето на вриење, побрзо бидува готов мармаладот.

Нема коментара:

Постави коментар

Povrzani sodrzini.

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...

Istaknuti recept.

Bombici so biskviti i zele bomboni./Bomblets are biscuits and jelly candies.

Jedna moja varijanta domasni sitni kolaci,a ednostavni za podgotovka.Mene mi se dopadja i vkusot i izgledot.Sigurno ste vo potraga po nesto ...

Читаоци

Архива чланака

Образац за контакт

Име

Имејл адреса *

Порука *

Posetiteli.

Укупно приказа странице

Content.ad - Widget 3