среда, 29. август 2018.

Леб како лиснато тесто со брашното од хељда и ржено брашно..



Овој леб од различни видови на брашно, во суштина е подготвен како лиснато тесто.
Во основа е киснато тесто,со квасец, ама е многу вкусен, двапати го правев зошто моите штом го пробаа многу им се допадна и бараа пак да го направам.
Рецептот го формирав така што со минимален труд добив многу вкусен домашен леб.
А кој може да одолее на мирисот на топол леб, за вкус не коментирам пробајте и уверете се.
А прилог нека ви биде ваш избор, сирење или други ваши јадења.
Состојки:(за две лебчиња)
500 г.бело брашно т-400
2 лажици брашно од хељда ( може и повеќе по желба)
2 лажици ржено брашно
1/3 од коцка свеж квасец
1 лажиче сол
1 лажица мед или шеќер
1 јајце
50 г маргарин или путер
150 млеко млеко
150 млеко вода
Сусам и мах семиња за одозгора.
По потреба се додава малку вода зависи од брашното.
Подготовка:
Просеано бело брашно ставете го во сад за месење, додадете ги и другите брашна,и во средината направете длабнатина.
Потоа ставете го квасецот,а пак вода и млеко стоплете ги и сипете врз квасец, оставете малку да се истопи.
Се додава,мед,и сол,се промешуваат состојките со лажица.
Се додава и јајцето,и се меси убаво еластично тесто,се покрива и оставете го да стаса.
Стасаното тесто се премесува на набрашнета површина и сука дебелина од 2см.
Врз тестото се ренда половина од ладен маргарин,и се преклопува една страна до половина, потоа и другата страна до половина.
Се преклопуваат и краевите кон средината,како на сликите подолу.(оставете го 5 минути да одстои)
Потоа се сука пак тесто како првиот пат.
Се ренда останат дел од маргарин да ја покрие површината на кората.
Се преклопува тестото на ист начин и се сука..
И потоа се витка како ролат,( јас завитканиот ролат го пресеков на половина)за да имам две средно големи лебчиња.
Лебчиња се премачкуваат со масло и малку вода,се посолува сусам и мах,а може и ким или лан и др.
Се остава леб повторно да кисне,30 минути.(за да не ви се распука)
Рерната се загрева порано на 200С.кога го ставите 🍞 намалете на 180С и печете 30 минути,зависно како ви пече рерната.
Готов печен леб послужете го уште топол.
Пријатно..!

Нема коментара:

Постави коментар

Povrzani sodrzini.

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...

Istaknuti recept.

Bombici so biskviti i zele bomboni./Bomblets are biscuits and jelly candies.

Jedna moja varijanta domasni sitni kolaci,a ednostavni za podgotovka.Mene mi se dopadja i vkusot i izgledot.Sigurno ste vo potraga po nesto ...

Читаоци

Архива чланака

Образац за контакт

Име

Имејл адреса *

Порука *

Posetiteli.

Укупно приказа странице

Content.ad - Widget 3