субота, 25. август 2018.

Посни ручек со грав и блитва.




Гравче на тавче но овојпат со блитва, како додаток за пораскошен посен ручек.
Гравот го имам комбинирано со други зеленчуци но на ваков начин не сум пробала.
Мора да кажам дека сум презадоволна од вкусот,и вам ви го препорачувам, да пробате нешто ново и си направите вкусен ручек.( Ручек за 4 лица по рецепт) јас правев пола доза..!
Состојки:
1/2 кг.грав
400-500г.блитва
1 главица сечкани кромид
2-3 чешниња лук ситно сецкан
Масло
Зачини
Мелен црн бибер
Црвен пипер мелен
2-3 свежи пиперки исчистени од семки

Подготовка:
Во тенџере на оган ставете го гравот да се вари додека не омекне.
За тоа време исчистете ја блитва и исечкајте ја на поситни парчиња.
Истотака и кромид и лук исчистени сечкани на ситни парчиња ставете ги во масло во тава да се пржат додека да омекнат.
Додадете ја и исецкана блитва мешајте заедно додека да омекне и таа.
Во земјена тава ставете ја блитва со кромид и лук,и додадете го сварениот грав.
Исто така додајте ги сите зачини,сол бибер, вегета,и црвен пипер.
Измешајте ги убаво сите состојки и сипете малку вода колку да ги соедини состојките и да се потпече јадењето.
Ставете ги и исчистени цели пиперки,и печете го јадењето додека се искрчка вишокот на вода.(20 минути).
Готов печен ручек послужете го со сезонска салата.
Многу вкусен и лесен домашен вегетаријански ручек,и веганска храна.
Избор на јадења кога се пости.

Нема коментара:

Постави коментар

Povrzani sodrzini.

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...

Istaknuti recept.

Bombici so biskviti i zele bomboni./Bomblets are biscuits and jelly candies.

Jedna moja varijanta domasni sitni kolaci,a ednostavni za podgotovka.Mene mi se dopadja i vkusot i izgledot.Sigurno ste vo potraga po nesto ...

Читаоци

Архива чланака

Образац за контакт

Име

Имејл адреса *

Порука *

Posetiteli.

Укупно приказа странице

Content.ad - Widget 3