петак, 24. август 2018.

Слатко од зелени шери домати.




Oваа е специфично слатко од зелени домати,т.е.од зеленчук.
Јас лично бев радознала како ќе излезе слаткото,а рецептот го имам одамна.
Го направив и кога го пробав ми се допаѓа вкусно е како и сите други слатка.
Јас го правев од шери домати мали зелени,а може и од ситни обични патлиџани,и правев половина мера.
А рецепт е со основна мерка.
Рецепт е за љубители на слатка,и оние сто одгледуваат домати да си направат десерт за со кафе или ете ви десерт, кога се пости и не се јаде масло,за празници.Како сто е Велигден,Божиќ,Рамазан,Бајрам,Голема Богородица или Велика Госпоина,слатка се тогаш највкусни домашни и се десерти од избор.

Сосотојки:
1 кг. мали зелени домати
1,200г. шеќер
2 ванилин шеќера
сок од два лимуна и малку и лимонтус
+ варова вода
Подготовка:
Доматите се мијат и чистат, се прободуваат крстосано и налеваат со ладна вода во лонец.
Штом доматите дојдат до вриење ( да зовријат) водата се менува така се прави 7 пати.
Потоа се вадат домати во друг сад и налеваат со ладна вода,и се лупат полека горната тенка лушпа како на сливи.
Се цедат излупени од ладна вода и стават во варова вода најмалку 1/2 час,потоа се вадат од варова вода и цедат и измиваат со помош на цедалка.
Се мијат во повеќе ладни води.
Во тенџере се става шеќер и вода-(колку да се растопи шеќерот) да врие густо да се спушта-да паѓа полека од лажица.
Се додаваат доматите исцедени од вишок вода,и се вари слатко, додека не изврие убаво,како и друго слатко,но малку погусто.
Доматите пуштаат висок вода,и по потреба одкако ќе се тргне од шпорет слаткото пак се враќа после 15 мин.да се довари ако пушти вода,усте 3-4 мин.
На крај 10 мин.пред да го тргнете од шпорет,се додава сок од лимон,лимонтус колку зрно пченица, и ванилин шеќер.
Се собира пена што се насобрала.
Се покрива со влажна салфетка и остава до утредента и ладно се собира во чисти тегли.
Во тек на варењето додајте 2-3измиени листа од смокви.. оваа е совет од нашите читатели..!.. вкусот бил фантастичен.
Наздравје..!

Нема коментара:

Постави коментар

Povrzani sodrzini.

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...

Istaknuti recept.

Bombici so biskviti i zele bomboni./Bomblets are biscuits and jelly candies.

Jedna moja varijanta domasni sitni kolaci,a ednostavni za podgotovka.Mene mi se dopadja i vkusot i izgledot.Sigurno ste vo potraga po nesto ...

Читаоци

Архива чланака

Образац за контакт

Име

Имејл адреса *

Порука *

Posetiteli.

Укупно приказа странице

Content.ad - Widget 3