среда, 22. август 2018.

Шарен летен ручек со тиквички ориз хељда и пиперки.



Oваа е сезонско јадење и мешавина од повеќе врсти на зеленчук,вкусно летно јадење.Се заедно прави една вкусна комбинација,на посен ручек и вегетаријански оброк.Воедно оваа е и веганска храна, диетален и здрав оброк.Јас овие денови сум на постење но не многу строго,па затоа и правам и пишувам посни рецепти.
Ги имам многу па одлуката е тешка,кој рецепт ќе биде повкусен,направен и објавен.
Состојки:
1/2 млада тиквичка
1 везена зелена пиперка
1 црвена пиперка
1/2 главица кромид
1/2 филџан за кафе ориз
2 лажици хељда
Неколку Шери 🍅
1 лажиче вегета
Сол по вкус
Мелен црн бибер по вкус
Магдонос за декорација и во јадење
Масло по желба

Подготовка:
Прво тиквичка измијте ја и излупете ја,и исечете на коцки.
Кромид исчистете го и исечкајте го на ситни парчиња.
Во тиган на оган ставете го, сипете масло и пржете го кромидот, додека омекне, додадете ја тиквичка,и пиперки исчистени од семки и исецкани на кругови, малку сецкан магдонос.
Мешајте додека да омекне зеленчукот,и потоа додадете го измиениот ориз, хељда и други зачини.
Промешајте убаво,а во тава за печење сипете малку масло и сипете ја сета смеса со зеленчук.
Одозгора на зеленчук наредете цели Шери домати ако имате.
Ставете и вода колку да ги покрие зеленчуците.
Ставете во загреана рерна да се пече околу 20-30 минути на 180С.
Истотака може,оваа јадење да го динстате,со додавање на вода по малку одозгора на шпорет.
Готово јадење послужете го додека е топло и украсете со малку магдонос.
Убав апетит...!

Нема коментара:

Постави коментар

Povrzani sodrzini.

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...

Istaknuti recept.

Bombici so biskviti i zele bomboni./Bomblets are biscuits and jelly candies.

Jedna moja varijanta domasni sitni kolaci,a ednostavni za podgotovka.Mene mi se dopadja i vkusot i izgledot.Sigurno ste vo potraga po nesto ...

Читаоци

Архива чланака

Образац за контакт

Име

Имејл адреса *

Порука *

Posetiteli.

Укупно приказа странице

Content.ad - Widget 3