понедељак, 20. август 2018.

Посни пишкоти со брашно од хељда ореви и чоколада.




Посни пишкоти со брашно од хељда ореви и чоколада,и за мене едни од најдобри посни десерти.
Вкусни домашни колачиња,а не се разликуваат од куповни на вкус само се без адитиви,кога ќе постојат некој ден повеќе,се уште повкусни.
И што е важно ги има многу полна здела,колачиња за кога се пости,и за секојдневно засладување по ручек.
Состојки:
-150г растителен маргарин на собна температура
-3-4 лажици шеќер
-100г мелени ореви
-170г бело брашно
-4 лажици брашно од хељда
-1 вреќичка ванилин шеќер
-малку пециво
-100г црна посна чоколада за готвење

Подготовка:
Во сад за матење ставете го маргарин и шеќерот и ванилин шеќер,изматете ги убаво.
Се додава бело брашно и брашно од хељда,се додаваат и мелените ореви и малку прашок за пециво -(не е обавезно).
Замесете ги убаво сите состојки,а потоа со сукало расукајте кора дебелина околу половина цм.(како на сликата подолу)
Со калап по ваша желба вадете форми и редете ги во тавче на мрсна хартија.
Рерна загрејте ја од порано на 180С,и печете ги колачињата на 150С,10-15 мин.И оставете да се изладат настрана.
Чоколадата со малку масло и вода истопете ја и во неа до половина натопете ги колачињата.
Оставете да се стегне чоколадна глазура и послужете ги колачиња со кафе,или понесете си ги некаде за пикник и сл.
Вкусни домашни слатки,стојат подолго време оти нема во состав кварливи продукти.
Нека ви е слатко и вкусно..наздравје..!

Нема коментара:

Постави коментар

Povrzani sodrzini.

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...

Istaknuti recept.

Bombici so biskviti i zele bomboni./Bomblets are biscuits and jelly candies.

Jedna moja varijanta domasni sitni kolaci,a ednostavni za podgotovka.Mene mi se dopadja i vkusot i izgledot.Sigurno ste vo potraga po nesto ...

Читаоци

Архива чланака

Образац за контакт

Име

Имејл адреса *

Порука *

Posetiteli.

Укупно приказа странице

Content.ad - Widget 3