недеља, 19. август 2018.

Посни полнети пиперки со печурки и чиа семенки.



Посни полнети пиперки со печурки и ориз и чиа семенки,и еден мој рецепт за вкусен посен ручек.
Бидејќи сега се пости за Богородица,решив да направам ручек кој е посен но и вкусен и вооедно и здрав.
Зошто секогаш дилема што за ручек е секогаш присутна,така да еве моја идеја што вкусно да си зготвите.
Состојки:(за две лица)
-5 пиперки за полнење
-3 шаки чистен ориз
-150г сецкани печурки
-1 лажица чиа семенки
-1 помал рендан морков
-1/2 сечкан кромид
-2 чена сечкан лук
-1/2 лажица вегета или зачин по вкус
-малку ѓумбир во прав
-пола лажица мелен црвен пипер
-сол по вкус
-сув магдонос
-1 црвен домат
-3-4 шери домати
-мелен бибер
-масло за пржење
Подготовка:
Во тигањ на оган ставете масло,и сечкан кромид,лук,и рендан морков,пропржете кратко и потоа додајте ги печурките и повторно пржете усте некое време.
Додајте ориз,и чиа семенки,и сите зачини,вегета,бибер во прав,малку ѓумбир,сол,сув магдонос и мелен црвен пипер.
Измешајте ги убаво сите состојки кратко и полнете ги пиперките со по 1 полна лажица од фил.А пак на пиперките семето треба да им е извадено предходно.
Доматот исечете го на кругови и со нив затворете ги наполнети пиперки.
Наредете во сад во кој ќе ги готвите полијте ги со ладна вода колку да ги покрие наредете ги околу цели шери домати да се печат заедно со пиперките.
Во вода додадете малку црвен мелен пипер и масло и така ставете ги да се крчкаат околу 1,5 час.(вака скратувам постапка,правење запршка на јадењето)..и не се менува вкусот,малку повеќе масло е повкусно
Јадењето е посно но е многу вкусно сите продукти убаво се сварени и вкусни.
Наздравје...!

Нема коментара:

Постави коментар

Povrzani sodrzini.

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...

Istaknuti recept.

Bombici so biskviti i zele bomboni./Bomblets are biscuits and jelly candies.

Jedna moja varijanta domasni sitni kolaci,a ednostavni za podgotovka.Mene mi se dopadja i vkusot i izgledot.Sigurno ste vo potraga po nesto ...

Читаоци

Архива чланака

Образац за контакт

Име

Имејл адреса *

Порука *

Posetiteli.

Укупно приказа странице

Content.ad - Widget 3