субота, 18. август 2018.

Бамби плазма торта и чоколадна торта без глутен.



Бамби плазма торта рецепт,за вкусна домашна торта со мирис на морско оревче.
За торта без глутен има рецепт на блог во ознака торта без глутен.
Тортата ја правев за роденден на мојот внук,за гостите млечна торта а за внук ми торта без глутен со чоколада без млеко.
Состојки:(тортата има 50-60 сервирања плус торта без глутен)
За 3 кори:
18 белки
12 жолчки
24 лажици шеќер
30 лажици ситно сецкани ореви
3 реда црна чоколада за готвење рендана
3 лажички морско оревче
Малку прашок за пециво
9 лажици брашно

За фил:
6 жолчки
1,500 г.млеко
370г.маргарин
2 ванила пудинг
9 лажици брашно
2 вреќички ванилин шеќер
350 г. шеќер
200 г.црна чоколада за готвење
300 г.мелена плазма бисквити или може други бисквити
Сок од портокал
250 г сецкани ореви

За декорација користен домашен фондан 1,5 кг.а рецепт има на блог и на you tube na moj kanal.
Подготовка:
Во сад за матење ставете 6 белки и 8 лажици шеќер, матете додека се згусне смесата, потоа додадете ги и 4 жолчки матете уште малку.
И се додава 3 лажици брашно и малку прашок за пециво, се додава и 10 лажици ореви, рендана чоколада и 1 лажиче морско оревче.
Обложете поголем плех сипете ја смесата и печете ги корите.
Рерна загрејте ја на температура од 180С печете ја тортата 15 минути.На ист начин испечете ги и другите кори.

За фил Ставете млеко да зоврие,а малку од него оставете за во жолчки.
Во сад за матење ставете ги жолчките додадете го шеќерот и матете, потоа додадете го прашокот за пудинг, брашно и оставеното млеко.Изматете убаво и смесата сипете ја во зовриена млеко.
Сварете густ крем,и ставете го настрана да се излади.
Во изладениот крем додадете го маргаринот и ванилин шеќер.
Измешајте ги убаво состојките и поделете го фил на половина.
Чоколада за готвење со малку млеко истопете ја на тивко и се додава во еден дел во фил,се изедначува убаво.
Мелена плазма се посипува со сок од портокал (отприлика колку да се навлажни) и се меша со оревите,се додава во друг дел во фил.(како на сликите подолу)
Се ставаат кори на подлога за торта и врз првата се на несува фил со плазма,пак се става кора и фил со чоколада,се остава малку од филот за премачкување на целата торта.
Се остава да отстои 10 сати и се обложува со фондан.
Декорација е по својата желба, торта е многу вкусна не остана во чинији туку сите си ја изедоа,прашуваа што рецепт е....
Убав апетит..!



На линк испод е рецептот за торта без глутен.

https://lilestosevska.blogspot.com/search/label/gluten%20free-cakes

Нема коментара:

Постави коментар

Povrzani sodrzini.

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...

Istaknuti recept.

Bombici so biskviti i zele bomboni./Bomblets are biscuits and jelly candies.

Jedna moja varijanta domasni sitni kolaci,a ednostavni za podgotovka.Mene mi se dopadja i vkusot i izgledot.Sigurno ste vo potraga po nesto ...

Читаоци

Архива чланака

Образац за контакт

Име

Имејл адреса *

Порука *

Posetiteli.

Укупно приказа странице

Content.ad - Widget 3