четвртак, 16. август 2018.

Гаспачо ладна супа од домати.



Гаспачо ладна супа од домати,оваа е многу популарен рецепт во Шпанија и Португалија.
Посебно е популарна супа во Шпанија и Андалузија,ја прават на многу начини но јас го одбрав овој начин..
Супата се прави лесно и брзо,и е полна со витамини и минерали.
Посебно е популарна и за постење,без додавање на масло може да се јаде за строго постење.
Сега како што е постење за Богородица,оти се смета за еден најстрог пост.
Трае најкратко,само две недели но се пости на вода.
А риба и масло и вино се конзумираат само во саботата и недела,и за преображение.
А оваа е баш прав рецепт за јадење кога се пости.

Состојки:(за 2 чаши )
2 поголеми домати
1/2 помала главица кромид
1 Чен поголем лук
20 мл.масло
1/2 лажиче сол
Мало парче краставица исчистена од семки
Помала црвена пиперка исчистена од семки
Неколку ливчиња свеж босилек
Малку мелен црн бибер
1-2лажици сок од лимон
Босилок за декорација
Препечен леб за прилог
Подготовка:
Доматите измијте ги и исечете ги на парчиња и во блендер се сецкаат.
Истотака и кромид и лук исчистени се ставаат во блендер за да се иситнат.
Се додава и босилок,може магдонос кој сака да замени.
И пиперка исчистена од семки се става во блендер да се сомеле.Сите зеленчуци ги ситните по вкус, поубаво да се поситни.
Се мешаат заедно и се додава маслото,сол,бибер и сок од лимон.
Се сипува супата во чаши или во чинија.Се декорира со свеж босилок.
Супата се служи со коцки препечен леб или двопек.
До служење се чуваат чашите во фрижидер се служи ладно.
Наздравје.!

Нема коментара:

Постави коментар

Povrzani sodrzini.

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...

Istaknuti recept.

Bombici so biskviti i zele bomboni./Bomblets are biscuits and jelly candies.

Jedna moja varijanta domasni sitni kolaci,a ednostavni za podgotovka.Mene mi se dopadja i vkusot i izgledot.Sigurno ste vo potraga po nesto ...

Читаоци

Архива чланака

Образац за контакт

Име

Имејл адреса *

Порука *

Posetiteli.

Укупно приказа странице

Content.ad - Widget 3