недеља, 12. август 2018.

Мармалад од модри сливи од рерна.




Мармалад од сливи досега го правев на шпорет за зимница, ама сега 😊 правам помалку и решив да сменам нешто.
Да пробам друга метода за подготовка,и сум презадоволна,оваа било и полесно и повкусно.
Мармеладот е многу вкусен и лесен за подготовка.
За оваа мерка мене ми требаше 2'5 часа варење.

Состојки:
7 кг зрели модри сливи
1'800 г.шеќер

Подготовка:
Сливите се мијат и чистат од семки, потоа се мелат или како јас со блендер (сецкаат)- се ситнат.
Се ставаат во поголемо тенџере и се ставаат во рерна која претходно била загреана на температура од 200С.
Јас и шеќер го ставам веднаш.
Измешајте ги убаво состојките и оставете да се пече мармаладот.
Повремено промешајте со лажица, тоа е многу малку, бидејќи нема да ви загори, нема да прска и прави неред.
Истотака не ви треба поклопец.
И после 1 час се зголемува температурата на 220С.и остава да врие тивко.
Проверете го дали е готов така што ќе извадите на тацна мармалад и ставете го во фрижидер да се излади.
Штом се лизга по тацна и нема вишок течност готов е.
Имате пример на сликите подолу.
Јас собрав 6'5 тегли.
Готов мармалад врел се собира во чисти тегли и убаво се затвора.
Се виткаат со прекривка или во шпорет на 50С.околу 1 час да стојат.
Ама врел мармалад се стерилизира од топлота што ја има,и не се квари и е без конзерванси.
За мене највкусен мармалад за појадок на 🍞 или за колачи,и торти.
А мириси како рум или ванила не додавам можеби децата нема да го сакаат.
Правете го и уживајте во неговиот вкус!

Нема коментара:

Постави коментар

Povrzani sodrzini.

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...

Istaknuti recept.

Bombici so biskviti i zele bomboni./Bomblets are biscuits and jelly candies.

Jedna moja varijanta domasni sitni kolaci,a ednostavni za podgotovka.Mene mi se dopadja i vkusot i izgledot.Sigurno ste vo potraga po nesto ...

Читаоци

Архива чланака

Образац за контакт

Име

Имејл адреса *

Порука *

Posetiteli.

Укупно приказа странице

Content.ad - Widget 3