уторак, 28. август 2018.

Баклава со 4 вкуса со ореви, кикирики, чоколада и мирис на цимет.




Баклава како ориентален десерт нема кој не ја сака.
Сите уживаат во нејзиниот вкус, уште ако е домашна.
Јас исто така сакам повеќе вкусови на едно место.
На блогот имам многу рецепти за баклава, има и со ореви и кикирики,со чоколада и се многу вкусни.
А оваа со повеќе мешавини е посебна.
Состојки:
500г.кори за баклава
300 г.ситно сецкани ореви
100г.сецкани несолени кикирики
50 г.рендана чоколада
50-100г.презла или мелени бисквити (имам правено од двете врсти).
Малку мелен цимет
1 вреќичка ванилин шеќер
70г маргарин истопен се додава врз баклава пред печење

Мешавина за прскање на кори: 200-300мл масло измешајте со 70-100мл минерална газирана вода со малку прашок за пециво.
За шербет:
600г шеќер ставете го да зоврие со 500мл.вода,да врие 10 минути,и додадете сок од половина лимон.

Подготовка:
Измешајте ги сите состојки, ореви,рендана чоколада, кикирики, презла, ванилин шеќер,и цимет.
Најпрво сварете го шербетот и оставете го да се излади.
Спремете ги сите состојки и четвртаста тава за печење, ставете масло и почнете со мотање на баклава.
На прва кора со четка нанесете од смеса со масло и вода.
Ставете врз неа друга кора,пак масло и вода,и на почетокот на кората ставете 3 лажици од филот со ореви.
Завиткајте ја полека поцврсто за да не испаѓаат состојките.
Исечете ја на парчиња по ваша желба, важно да се користат здрави кори.(пр: сликите подолу)
Така направете со сите кори,и полијте ја баклавата со истопен маргарин.
Рерната претходно загрејте ја на 200С.
Баклавата печете ја на 150-100С...40 минути, додека да добие убава златна боја.
Врела баклава се полива со ладен шербет.
Се покрива со фолија или послужавник и оставете ја да ја впие сета течност.
Послужете ја како десерт за гости,или на повисоки температури кога други слатки не се служат.
Напијте се сок и кафе и наздравје..!

Нема коментара:

Постави коментар

Povrzani sodrzini.

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...

Istaknuti recept.

Bombici so biskviti i zele bomboni./Bomblets are biscuits and jelly candies.

Jedna moja varijanta domasni sitni kolaci,a ednostavni za podgotovka.Mene mi se dopadja i vkusot i izgledot.Sigurno ste vo potraga po nesto ...

Читаоци

Архива чланака

Образац за контакт

Име

Имејл адреса *

Порука *

Posetiteli.

Укупно приказа странице

Content.ad - Widget 3