среда, 25. јул 2018.

Торта со афион и праски





Торта со афион и праски,мој десерт со сезонско овошје, интересен колач на изглед.
Не само изглед, туку и е многу вкусен и лесен за подготовка.
Рецептот е од моја архива на рецепти,но моја комбинација на вкусови.

Состојки:
-100г.топен маргарин
-120г.шеќер
-1 ванилин шеќер
-3 јајца
-50г.мелени ореви
-малку сол
-50г семе од афион
-3 лажици млеко
-сок од половина лимон
-150г. Брашно т-400
-1 мала лажичка прашок за пециво
-праски исечени на парчиња

Подготовка:
Во сад за матење ставете ги јајцата со шеќерот и ванилин шеќер.
Со миксер добро матете,и во масата постепено се додава топен маргарин.
Се додаваат и оревите и афион кој треба да биде предходно полиен со врело млеко,и сосема малку сол.
Се додава и сок од лимон,и брашно помешано со прашок за пециво.
Состојките убаво се соединуваат со лажица.
Тавче обим 26см-28см се подмачкува и посолува со малку брашно и се става масата за торта,а одозгора се распоредуваат исчистени сечкани праски.(како на сликите подолу).
Рерната се загрева на 200С,а тортата се пече на 180С,околу 25 минути.
Оладената торта се посипува со шеќер во прав,и се служи исечена на коцки или по сопствена желба.
Едноставна и многу вкусна сезонска овошна торта или колач со овошје.

Убав апетит.!

Нема коментара:

Постави коментар

Povrzani sodrzini.

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...

Istaknuti recept.

Bombici so biskviti i zele bomboni./Bomblets are biscuits and jelly candies.

Jedna moja varijanta domasni sitni kolaci,a ednostavni za podgotovka.Mene mi se dopadja i vkusot i izgledot.Sigurno ste vo potraga po nesto ...

Читаоци

Архива чланака

Образац за контакт

Име

Имејл адреса *

Порука *

Posetiteli.

Укупно приказа странице

Content.ad - Widget 3