понедељак, 23. јул 2018.

Колач со модри сливи и круши.



Колач со модри сливи и круши,мој десерт кој верувам дека ќе ви се допадне.Лесно се подготвува,а и јас скратувам постапки за побрзо да го направам.
Состојки:
-250г.брашно
-150г.омекнат маргарин
-60г.шеќер
-1 јајце
- малку сол
- сечкани модри сливи и сечкани круши
- шеќер во прав за посипување
-2 вреќички ванилин шеќер

Подготовка:
Во тенџере на оган на тивко ставете ги маргарин и шеќер и мешајте додека смесата не омекне.
Се трга настрана и се додава јајцето и брашното со солта и 1-ванилин шеќер.
Се меси убаво тесто и се става во фрижидер да стои 1 час.
Потоа тестото расукајте го и ставете го во подмачкано тавче со маргарин.
Тесто се става и од страни на тавче за колач,и се редат во круг наизменично сливи, потоа и круши како на сликите подолу.
Се соли ванилин шеќер и кристален шеќер врз овошјето.
Рерната се загрева на температура од 200С и се става колачот да се пече,на намалена температура од 180С,30 минути.
Готов печен колач или овошна пита, се посипува со шеќер во прав,се лади и се служи како десерт кој е многу вкусен и освежителен.

Совет: тесто замесено, наместо 1 час во фрижидер, истенчете го и ставете го во замрзнувач само 15 минути додека го спремите овошјето.

Нема коментара:

Постави коментар

Povrzani sodrzini.

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...

Istaknuti recept.

Bombici so biskviti i zele bomboni./Bomblets are biscuits and jelly candies.

Jedna moja varijanta domasni sitni kolaci,a ednostavni za podgotovka.Mene mi se dopadja i vkusot i izgledot.Sigurno ste vo potraga po nesto ...

Читаоци

Архива чланака

Образац за контакт

Име

Имејл адреса *

Порука *

Posetiteli.

Укупно приказа странице

Content.ad - Widget 3