четвртак, 19. јул 2018.

Солена торта со блитва и урда.



Солена торта со блитва, направена од палачинки, вкусен предлог за појадок.
А посебно ако сакате да ги изненадите вашите гости со нешто посебно и вкусно.
Оваа е помала доза за 3 лица,за повеќе луѓе само се дуплира доза на палачинки и фил.
Состојки:
За тесто за палачинки:
-1 јајце
-250 мл.млеко
-2 лажици масло
-1 мала лажичка шеќер
- малку сол
- малку и прашок за пециво
-10 лажици брашно
-масло за печење

За фил на тортата:
- за фил блитва
-урда или сирење
-сол по вкус

За прелив на тортата:
-100мл.кисела павлака
-1 јајце
-малку морско оревче во прав
-црн пипер во прав
- рендан кашкавал
ПОДГОТОВКА:
Се замесува тесто за палачинки се остава да отстои околу 30 минути,и се пржат палачинки.
За фил, блитва се чисти и се обарува 2-3 минути во врела вода, потоа добро се цеди.
Се остава да се олади и ситно се сецка се додава и урда се посолува.( по желба може и да се додаде малку кисела павлака)
За прелив за одозгора одделно во сад се мешаат кисела павлака,јајце, морско оревче во прав, црн пипер и сол.
(има на сликиве приказ на постапката подолу)
Во тавче бр 24 см, подмачкано со масло се става палачинка,се распоредува фил,се така додека не се потрошат сите продукти.Се завршува со палачинка,а рерната загрејте ја на 200С.
Тортата се прелива со мешавина од кисела павлака и јајце и целата се посипува со рендан кашкавал.
Се става во загреана рерна да се подзапече 15-20 мин.на 180С.
Солена торта со блитва се лади и се служи како појадок со кисела павлака или јогурт.
Јас во прилог додадов уште сирење и домати.
Имајте убав апетит..!

Нема коментара:

Постави коментар

Povrzani sodrzini.

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...

Istaknuti recept.

Bombici so biskviti i zele bomboni./Bomblets are biscuits and jelly candies.

Jedna moja varijanta domasni sitni kolaci,a ednostavni za podgotovka.Mene mi se dopadja i vkusot i izgledot.Sigurno ste vo potraga po nesto ...

Читаоци

Архива чланака

Образац за контакт

Име

Имејл адреса *

Порука *

Posetiteli.

Укупно приказа странице

Content.ad - Widget 3