уторак, 10. јул 2018.

Овошна торта со вкус на малина



Овошна торта со вкус на малина,прекрасен домашен десерт.
Целата торта е кремаста,и посебно освежителна,ја препорачувам како летен десерт,ја направив по сопствена комбинација на вкусови.
Состојки:(за кора)
-5 белки
-7 лажици шеќер
-7 лажици мешавина од мелени ореви, мелени бисквити,и рендана црна чоколада
-малку прашок за пециво
За фил:
-600 мл.млеко
-2 лажици густин
-5 жолчки
-200г.шеќер
-150 г.маргарин
-1 прашок за пудинг oд ванила,од Витаминка
-1 рендана црна чоколада
- слатко од малини
-400 мл.слатка павлака
За декорација по желба,свежи малини,и рендана чоколада со ореви и бисквити.
Подготовка на кора: изматете ги белките со шеќерот, додадете мешавина од мелени ореви мелени бисквити и рендана чоколада со малку прашок за пециво.
Со лажица соединете ги убаво сите состојки и сипете во тавче бр:24см, претходно подмачкано и со брашно посипано.
Рерна претходно загрејте ја на температура од 200С,и печете ја тортата 30 минути.на 150С.повеќе се суши кората.
За фил во сад ставете ги жолчките со шеќерот и додадете го прашокот за пудинг и густин, додадете и околу 100 млеко од ладно млеко.Со жица измешајте ги убаво состојките.
Во тенџере ставете го остатокот од млекото да зоврие,и сипете ја смесата со жолчки.
Мешајте додека да зоврие смесата и сварете фил, потоа ставете го да се излади на страна.
Изладениот фил си миксер соединете го со маргарин,и додадете изрендана црна чоколада, измешајте се убаво.
Слатка павлака изматете ја убаво и филувајте ја тортата.
Прво на подлога за торта се става кора,се нанесува фил,се става слатко од малини и врз слатко се филува со слатка павлака.(повкусно е ако ставите повеќе од слатко.
Декорирајте по сопствена желба,инаку тортата е многу вкусна и брзо се подготвува.
Јас ја филував торта во тава кај ја печев.

Нема коментара:

Постави коментар

Povrzani sodrzini.

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...

Istaknuti recept.

Bombici so biskviti i zele bomboni./Bomblets are biscuits and jelly candies.

Jedna moja varijanta domasni sitni kolaci,a ednostavni za podgotovka.Mene mi se dopadja i vkusot i izgledot.Sigurno ste vo potraga po nesto ...

Читаоци

Архива чланака

Образац за контакт

Име

Имејл адреса *

Порука *

Posetiteli.

Укупно приказа странице

Content.ad - Widget 3