петак, 06. јул 2018.

Парена торта со вкус на морско оревче.



Парена торта со вкус на морско оревче, едноставен десерт и многу вкусни слатки,се топи во уста.Оваа е посебно вкусен десерт за љубители на парени слатки,брзо и лесно се подготвува.
За мерење користите филџан од кафе од 130мл.
Состојки:
-2 јајца
-2 филџани шеќер
-1 1/2 филџан масло
-1 1/2 филџан млеко
-1 1/2 филџан пченичен гриз
-2 1/2 филџани брашно
-150 г.ситно сецкани ореви
-1/2 вреќичка прашок за пециво
-1 мало лажиче морско оревче
-1 мало лажиче какао
Состојки за шербет:се зоврива 500г.шеќер со 500мл.вода,и треба да врие 10 минути,и се прелива преку изладената торта.

Подготовка:се матат јајцата со шеќерот и потоа се додаваат сите состојки по ред, масло, млеко, гриз и брашното со прашокот за пециво.
Се додаваат и морско оревче и какао,се промешуваат состојките и на крај се додаваат и оревите.
Се убаво се соединува и се сипува во тавче бр,28 намачкано со малку масло и посипете со малку и брашно.
Рерната загрејте ја на 200С,а тортата печете ја на температура од 180С,15 минути.
Изладена торта попарете ја со изладен шербет.
Тортата е многу вкусна брз десерт за со кафе.

Нема коментара:

Постави коментар

Povrzani sodrzini.

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...

Istaknuti recept.

Bombici so biskviti i zele bomboni./Bomblets are biscuits and jelly candies.

Jedna moja varijanta domasni sitni kolaci,a ednostavni za podgotovka.Mene mi se dopadja i vkusot i izgledot.Sigurno ste vo potraga po nesto ...

Читаоци

Архива чланака

Образац за контакт

Име

Имејл адреса *

Порука *

Posetiteli.

Укупно приказа странице

Content.ad - Widget 3