понедељак, 18. јун 2018.

Брз колач со малини.



Брз колач со малини вкусен десерт кој може секоја домаќинка да го направи.Можете и друго овошје да користите,но оваа комбинација е посебна.
Состојки:
-1јајце
-200 г.шеќер
-100 мл.масло
-240 мл.млеко
-4 филџани брашно (филџан од 130 мл.)
-1/2 кесичка прашок за пециво
-1 ванилин шеќер
-свежи зрели малини
-2 лажици шеќер во прав
Подготовка:
Изматете ги јајцето и шеќерот во густа смеса.
Додајте ги маслото, млекото, брашното,и прашокот за печиво и ванилата.
Со миксер или жица за матење соединете ги убаво сите состојки.
Тава _24cm, за печење намачкајте ја со малку масло и посипете со брашно.
Истурете половина од смесата,и по цела површина распоредете малини.Покријте ги овошките со остатокот на смесата.



Колачот испечете го на стандарден начин,во претходно загреана рерна на 200С.
Кога го ставите колачот да се пече намалете ја температурата на 180 степени.
Печете ја тортата 15-20 минути и со чепкалка проверете дали е готова и испечена торта-колачот.
Изладен колач исечете на коцки и послужете го како десерт со кафе и чај.
Наздравје..!

Нема коментара:

Постави коментар

Povrzani sodrzini.

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...

Istaknuti recept.

Bombici so biskviti i zele bomboni./Bomblets are biscuits and jelly candies.

Jedna moja varijanta domasni sitni kolaci,a ednostavni za podgotovka.Mene mi se dopadja i vkusot i izgledot.Sigurno ste vo potraga po nesto ...

Читаоци

Архива чланака

Образац за контакт

Име

Имејл адреса *

Порука *

Posetiteli.

Укупно приказа странице

Content.ad - Widget 3