понедељак, 28. мај 2018.

Мафини со јогурт и мармелад.




Mафини со јогурт, едноставен десерт, лесно се подготвува и е многу вкусен,со мармелад внатре,за 30мин.готови колачи да се засладите со вашите пријатели.Оваа е смеса за 12 мафини.
Состојки:
-2 јајца
-5 лажици шеќер
-200 мл.јогурт
-50 мл.масло
-15 лажици брашно
-1вреќичка ванилин шеќер
-1прашок за пециво
-мармелад
-шеќер во прав за посипување
Подготовка:
Во сад за матење ставете ги јајцата додадете го шеќерот и ванилата и изматете.
Потоа по ред додадете ги и другите состојки, јогурт,масло, брашно,и прашок за пециво.
Соединете ги убаво сите состојки.
Во калапи за мафини ставете хартиени корпички, намастете ги со малку масло,и ставете со лажица од смесата,во секоја корпичка.
А во средината ставајте мармалад или може и овошје.



Оставете од смесата за да имате да го покриете мармаладот кој е ставен предходно во средина на колачиња.
Рерната загрејте ја предходно на 200С.а кога ќе ги ставите мафини да се печат се намалува на 180C.
Мафини се печат 15 минути,и печени уште топли се посипуваат со шеќер во прав.
Брзи колачи,лесни и вкусни.

Нема коментара:

Постави коментар

Povrzani sodrzini.

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...

Istaknuti recept.

Bombici so biskviti i zele bomboni./Bomblets are biscuits and jelly candies.

Jedna moja varijanta domasni sitni kolaci,a ednostavni za podgotovka.Mene mi se dopadja i vkusot i izgledot.Sigurno ste vo potraga po nesto ...

Читаоци

Архива чланака

Образац за контакт

Име

Имејл адреса *

Порука *

Posetiteli.

Укупно приказа странице

Content.ad - Widget 3