петак, 11. мај 2018.

Фритули со тиквички.


Тиквички ми се омилени,и сакам да ги подготвувам на различни начини.Оваа е еден од моји омилени рецепти.Со прилог од сирење и домашен леб е вкусно јадење за ручек.Оваа е и вегетаријански ручек.



Состојки:
-150г.тиквички
-100г.брашно
-1 јајце
-1 млад кромид
-100мл.бело вино
-1лажица вегета
-мелен бибер
-малку пециво
-30г.рендано жолто сирење
-малку ѓумбир во прав
-масло за пржење
Подготовка:
Тиквички излупете ги,и изрендајте, ставете ги во садот за подготовка, додадете јајце, сирење,и сите зачини, бибер, вегета, ѓумбир и кромидот исецкан на ситни парчиња.
Додадете брашно со пециво и бело вино.
Со лажица соединете ги убаво сите состојки.
Загрејте масло и лажица намастете ја,и со неа земајте од смесата и пржете на загреано масло.
Внимавајте убаво да ги испржите фритулите,превртувајте ги за да добијат убава боја,и од двете страни.
Вкусни се,и како прилог со некое месо.

Нема коментара:

Постави коментар

Povrzani sodrzini.

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...

Istaknuti recept.

Bombici so biskviti i zele bomboni./Bomblets are biscuits and jelly candies.

Jedna moja varijanta domasni sitni kolaci,a ednostavni za podgotovka.Mene mi se dopadja i vkusot i izgledot.Sigurno ste vo potraga po nesto ...

Читаоци

Архива чланака

Образац за контакт

Име

Имејл адреса *

Порука *

Posetiteli.

Укупно приказа странице

Content.ad - Widget 3