субота, 22. децембар 2018.

Happy Holidays..!!


Happy Holidays to all wisitors..!!
Среќен Божиќ на сите верници и пријатели и соработници и посетители.
Со многу здравје среќа и радост во животот..!!

уторак, 11. децембар 2018.

Шарени мафини со кокос и чоколадо.



Шарени мафини,интересни,со вкус на кокос.
Инспирација најдов на интернет,ми се допадна и ги направив по мој вкус.
И навистина десерт за со кафе,или некој празник, роденден како што вас ви одговара.
Може да си ги направите, лесно се подготвуваат.
Состојки:
3 јајца
3 чаши (од -180 мл.) брашно
1,1/2 шоља шеќер
1 лажица какао
1 пециво
1 ванилин шеќер
180 мл.млеко
150 мл.масло
1 вреќичка пудинг од чоколада
1 чаша ситно сецкани ореви
1 шоља кокос
Шеќерна глазура за прелив,и кокос за одозгора.
Подготовка:
Во сад за матење ставете ги јајцата со шеќерот и матете густа смеса.
Се додава, млеко, масло и брашно измешано со пецивото и ванила.
Се дели смесата во два дела, на 1/3 бела смеса,се додава кокосот и мешајте додека смесата се соедини убаво.
И друга смеса 2/3,во неа се додава прашок за пудинг и какао и ореви.
Се соединуваат состојките убаво.
Во калапи за мафини се ставаат хартиени корпички и се става по 1 супена лажица- рамна од црна смеса,врз неа се става 1 мало лажиче од бела смеса.
И повторно се става 1лажица од кафеава смеса.
А може и пола кафеава смеса и врз неа пола светла смеса со кокос.
Подеднакво ќе изгледаат мафините убаво,јас така правев.
Рерната загрејте ја порано на 200С,а мафини печете ги на 180С. околу 15 минути.
Готови колачиња извадете ги,и прелијте ги со шеќерна глазура и посипете со малку кокос.
За глазура изматете пола филџан шеќер во прав со 1-2 лажици сок од лимон.и 2-3 лажици млеко.

петак, 07. децембар 2018.

Посни палачинки од хељда со спанаќ,со посен и мрсен фил.



Посни палачинки полнети со два фила,мрсни со сирење и ајвар за посно.
Вкусна моја комбинација од две врсти на брашно.
Една вкусна и здрава мешавина,преубави на изглед и многу вкусни палачинки за појадок.
И мрсни и посни се подеднакво вкусни.
Може и за слава за мезе многу убаво изгледаат,ќе ги одушевите своите гости.

Состојки:за 6 палачинки
5 супени лажици бело брашно
5 супени лажици брашно од хељда
1/2 мала лажичка прашок за пециво
-шака листови свеж спанаќ
- сол по вкус
- минерална вода по потреба околу 150-200 млеко.
За фил ајвар за посно,и крем сирење за мрсни фил.
Подготовка:
Измијте ги листовите спанаќ,и со малку вода изблендирајте ги.
Сипете ја смесата во сад за матење, додадете ги двете врсти брашно, прашок за пециво, и додадете вода да се добие смеса малку погуста од смесата за палачинки.
На умерена температура печете ги палачинките со малку масло.
Потоа филувајте ги по вкус,ако постите со посен фил или мрсни со крем сирење.
Вкусен појадок или вечера,мезе за слава или празници.
Здрава храна во секој случај.
Наздравје нека ви е...!


Новогодишни медењаци со прекрасни декорации.



Новогодишни медењаци,пред се убави празнични колачиња и вкусни.
Потребно ви е сите состојки и желба за украсување на домот за празници и новогодишна трпеза.
Состојки:
4 лажици шеќер
морски орев во прав
1 лажица мед
5 лажици маргарин
1 јајце
За потопување:4 лажици шеќер да зоврие со 140 мл.вода само 3 минути.
Глазура:
180 г.шеќер во прав
1 белка
1 лажица сок од 🍋 лимон
бои за декорација
Подготовка:
Во сад за матење ставете го шеќерот и јајце, матете убаво,а потоа додадете ги и други состојки.
Додадете го мед, морски орев, омекнат маргарин и брашно по потреба.
Се расукува кора и со специјални калапи за празнични фигури се вадат форми, и редете ги во тава на хартија за печење.
Рерната загрејте ја на 200С, и колачиња печете ги 10 минути на 200С, додека добијат златна боја.
За глазура изматете ја прво белка,а потоа додадете го постепено шеќерот, и сок од лимон.
Матете додека смесата не се згусне убаво.
Поделете ја смесата во повеќе мали садови и додадете боја.
Колачиња прво лесно потопете ги во преливот.
Потоа украсете ги по својата желба.
Како овие колачиња на сликите.
Рецепт е на мојата ќерка,кај мене сите се одлични слаткари,ги научив сите дури и внуците...:))).

среда, 05. децембар 2018.

Посна солена торта со мајонез.




За св.Никола обично правам мајонез салати,тука има неколку различни рецепти.
Сега сакам малку промена, и го направив овој рецепт за солена торта,и сум задоволна.
Само што ми избега повеќе сода па ми се изгуби убавата розева боја на тестото...:)
Состојки:
-150 мл.минерална вода
-12 супени лажици брашно
-1 супена лажица пченкарно брашно
-сол по вкус
-6 супени лажици ситно рендано цвекло
-малку сода бикарбона
-1/2 од вреќичка прашок за пециво
1/2 шоља (од 150мл.) масло од сончоглед
За фил:
-300 г.варен мешан зеленчук
-70 г.посен маргарин на собна температура
-мајонез по потреба околу 250-300 г.посен од Полимарк.
-7 супени лажици мелени солени крекери
За декорација варен морков и свеж магдонос и рендан кашкавал- посен.
Подготовка:
Во сад за месење ставете го изрендано цвекло, додадете сол,вода, масло,и брашно со пециво и сода.
Додадете го и пченкарно брашно, соединете ги убаво состојките со лажица.
Калап големина 20-20 см.намачкајте со масло и посипете го со презла.
Респоредете ја смесата во калап и печете во однапред загреана рерна.
Се пече кората околу 15 минути на 180С. по потреба се намалува и на 150С.
Оставете ја кората да се лади,а за тоа време се подготвува филот.
Однапред сварете го зеленчукот и оладете го, се става во сад за подготовка.
Во друг сад се става маргарин кој е веќе омекнат на собна температура,се додава мајонезот и се мати со миксер, додека се соединат но кратко време.
Потоа постепено се додаваат зеленчуци, и мелени крекери.
Сол ставете по вкус,ако сте ставиле во варењето на зеленчукот нема да ви треба.
Оладена кора се сече по средина, и се става на тацна.
Се филува со половина од фил,се покрива со друга кора и се нанесува остатокот од филот.
Целата солена торта се премачкува со тенок слој со мајонез.
За поубав изглед и полесно нанесување на декоративни детали.
Се ренда кашкавал врз целата површина на торта.
Украсете ја со морков исечете детали со цветни калапи,и гранчиња свеж магдонос.

Наздравје нека ви е... направите ја солената торта и оставете коментар ако ви се допаѓа.
И пратете не на Инстаграм и Фејсбук за нови рецепти.

уторак, 04. децембар 2018.

Брзи посни кифли со три фила.



Брзи и посни кифли може да се полнат со фил по вкус.
Јас ги направив по желба на децата кој што си сака,со спанаќ посни и со виршли и сирење мрсни.
Состојки:
-375 мл.вода- минерална
-1/4 од коцка свеж квасец
-1/2 мало лажиче прашок за пециво
-70 г.омекнат маргарин-растителен
-1 лажиче сол
-1 лажиче шеќер
- брашно по потреба околу 500-600 г.
Фил:
Бланширан спанаќ, сирење, виршли,и посен кашкавал.
Сусам за посипување.
Подготовка:
Се загрева водата и се сипува во сад за месење, се додава квасецот и маргарин.
Се мешаат да се истопат,и оставете ги да отстојат 10 минути.
Потоа постепено додавајте ги другите состојки, шеќерот,сол,и брашно со пециво,да замесите средно меко тесто.
Оформете топка и поделете ја на помали 18-20 топчиња.
Оставете ги 5-10 минути и потоа секоја топка расукајте ја и ставете го филот.
Врз фил рендан кашкавал и за цветна форма соберете ги краевите кон средината и стиснете ги со прсти.
Превртете ја топката и засечете одстрана кон средината.
И секој дел превртувајте го филот да се гледа.
А за форма со виршли засечете одстрана и превртувајте ги краевите кон средината.
Со масло и вода со четка премачкајте ги сите кифли и ставете од сусам и рендан кашкавал.
Оставете ги да отстојат околу 30 до 45 мин.
Рерната загрејте ја на 200С..и печете ги кифлички на 200-180С 15минути.
Вкусни брзи тестенини за доручек,кога се пости или некоја друга пригода.

петак, 30. новембар 2018.

Посни парени колачи, десерт за слава или празници.




Прекрасни вкусни домашни колачиња,парени,едноставни за подготовка.
Ги имам правено и порано но со друг обик и сега се со мала измена,и друг облик.
Многу вкусни колачиња и за посни слави и празници десерт кој може и подолго да ви трае,нема кварливи состојки.
Состојки:
100 мл.пиво
100 мл.масло
130 г.пченичен гриз
1/2 од коцка свеж квасец
1 лажица какао во прав
Брашно по потреба
малку кикирики печени цели зрна за декорација

Шербет: се вари шеќер со вода 5 до 7 мин.се додава ванила и сок од лимон
400г шеќер кристал
350 мл. вода
1 ванилин шеќер
сок од лимон

Подготовка:
Во сад за месење се става пиво и масло,се додава квасец и се меша со лажица да се истопи.
Потоа се додава пченичен гриз и брашно постепено,се меси средно тврдо тесто да не се лепи за раце.
Тестото го делиме на два дела,и во еден се додава какао и се меси тесто додека да се изедначи структурата.
Се загрева рерна на 200С,и се подмачкува тава за колачи.
Од тестото кинете мали парчиња и правете валјци и плетете ги едно бело тесто едно браон.Потоа завиткајте ги во круг како на слика.
Јас правев две варијанти,едната е идеја на малиот внучко кој помага на баба.*можеби тој ќе ја наследи баба, големите не ја сакаат моја работа тешка била..:)
Таа форма е и интересна форма, со бело тесто во среден круг и браон тесто однадворешна страна.
На секое колаче ставете во средина по 1 зрно кикирики.
Готови колачиња редете ги во тава и печете ги на 180 до 200 С,околу 15 до 20 минути.
Печени колачи прелијте ги со врел шербет а колачиња ладни .
Многу се вкусни и декоративни.
Направете ги за вашите слави или празници,сладете во било која пригода и пишете како вам ви излегоа.

четвртак, 29. новембар 2018.

Печени крофни без глутен со киноа и чоколадо, без млеко и маргарин и јаткасти плодови.



Правев за нас возрасни крофни,и се разбира и за внучко,мора да има,тој е алергичен на глутен.
И баба мораше да оформи рецепт,и навистина ми излегоа прекрасни и вкусни крофни.
Морам веднаш уште да направам, оваа е рецепт без млеко, без маргарин и без јаткасти плодови.
За лица со алергија на овие производи.
Состојки:
130 г.брашно без глутен
3 супени лажици брашно од киноа
50 г.шеќер
1 јајце
40 г.маст свинска
65 мл.млеко од кокос
1/2 лажиче прашок за пециво
1 лажица кокос
1 ванилин шеќер се без глутен
2 коцки посна чоколада рендана
Шеќер во прав за посипување
Чоколада посна за прелив-топена

Подготовка:
Изматете ги јајцето и шеќер, додадете ги другите состојки по редослед,маст, ванилин шеќер, кокос, двете брашна,со пециво.
Додадете го и млеко од кокос,и сецкана чоколада.
Измешајте со миксер само еднаш,а потоа со лажица полека соединете ги убаво состојките.
Калапи за крофни со отвор намачкајте ги со малку масло и посипете со брашно.
Полнете ги до висина на средниот дел.
Печете ги крофни 8-10 минути додека се вцрват.На температура од 180С.
Готови крофни посипете ги со шеќер во прав или со топено чоколадо.
Многу убаво изгледаат, вкусни како ужина или вечера.
Може и празничен десерт.

среда, 28. новембар 2018.

Брзи крофни со чоколадо, совршен доручек или десерт.



Брзи и вкусни домашни крофни со чоколадо внатре, вкусен доручек истотака може и десерт.
Состојки:
250 мл.топло млеко
1/2 коцка свеж квасец
2 јајца
100 мл.масло од сончоглед
80-100 г.шеќер
-прстофат сол
- брашно по потреба
150 г.чоколада
1 ванилин шеќер
4-5 лажици шеќер во прав
Масло за пржење
Подготовка:
Во сад за месење ставете квасец и шеќер и ванилин шеќер, сипете топло млеко,и оставете 10 минути.
Потоа додадете ги јајцата и масло,и со додавање на брашно замесете тесто што е готово кога ќе почне да се одвојува од садот во кој го месите.
Оставете го 15-30 минути покриено.
Подоцна поделете го на 2 делови, лесно оформете ги и расукајте кора пола см.
Со чаша како подолу слики обележете кругови и во секој ставете парче чоколадо.
Покријте со друга кора и сечете со чаша за вода кругови.
Нека постојат малку 10 минути и пржете ги на тивко, потоа извадете ги на хартија да се исцедат.
Посипете ги со шеќер во прав и послужете ги топли,чоколадо ќе тече од нив.
Многу вкусен доручек и за деца за школо ужина.
Пријатно јадење..!

уторак, 27. новембар 2018.

Авганистански ќебапи со ѓумбир, вкусен ручек од друга кујна.




Вкусен ручек со мелено месо, рецепт за вкусно јадење карактеристично за Авганистан.
Мене лично многу ми се допадна и на мојот маж.
Може да го комбинирате јадењето со зеленчук по желба, карфиол, брокула или мешани зеленчуци.
Состојки:за 8 ќебапчиња.
250 г.мелено месо
250 г.варени компири ( со лушпа)
1 жолчка
1 белка за валкање
-неколку гранчиња свеж магдонос
Сол
1 лажиче био зачин
Бибер
1/2 мало лажиче сода бикарбона
Презла за валкање
Масло за пржење
2 чена сецкан лук- по мој вкус
Ѓумбир по вкус
Подготовка:
Прво компири се варат со се лушпа.
Се ладат малку,и се мешаат со мелено месо во подлабок сад.
Се додава жолчка, сечкани магдонос,лук,и зачини, бибер,био зачин,сол, ѓумбир и сода бикарбона.
Со раце убаво се соединуваат состојките,и се остава смесата да отстои во фрижидер околу 1 час или во замрзнувач половина час.
Се формираат поголеми ќебапчиња и мачкаат во белка па во презла ( видете пример подолу на сликите).
Се пржат на тивок оган додека добијат убава црвена боја од 4-5 минути.
Извадете ги на хартија да се исцедат од вишокот на маснотии.
Послужете ги топли со прилог по желба.
Одличен ручек и промена во кујна и менито.
За празници или фамилијарно дружење.
Пријатно..!!!

понедељак, 26. новембар 2018.

Посни колачиња со стоби флипс 🍬 бомбони,со арома на јагода, исто куповни.



Колачиња се многу вкусни и брзи, со арома на јагода.
За посна варијанта во средината ставете суво грозје или парче од урми.
Бидејќи се ближaт Божиќни пости,и оваа е една вкусни идеја за десерт.
Состојки:
170 г.брашно
170 г.маргарин на собна температура
80 г.шеќер во прав
2 пудинга од јагода
1 ванилин шеќер
-уште 2 супени лажици брашно по потреба.
Стоби чоколадни бонбони или суво грозје за посни колачи
Подготовка:
Во сад за месење ставете го маргаринот и шеќерот додадете ја и ванила.
Изматете ги и додадете го брашното и пудингот, замесете средно меко тесто.
Земајте од смесата,и правете топчиња,во средината ставете по 1 чоколадна бомбона.
Со решетка за сечење јајца притиснете ги колачињата одозгора накрсно.
Потоа во однапред загреана рерна печете ги 15 минути на 180С.
Многу се вкусни, сестра ми Еми помисли дека се купени,и побара рецепт.
Нека ви е слатко..!

петак, 23. новембар 2018.

Пица 🍕 плетенка со шунка и кашкавал.



Одлична идеја за доручек, со тестенини, и фил внатре.
Оваа е една вкусна пица и декоративна на изглед.
Веднаш штом се направи се и обликува.
Јас направив само една поголема,но попрактично е две да се направат.
Состојки:
400 г.брашно
1/3 од коцка свеж квасец
1 јајце
1 лажиче шеќер
1 мала лажичка сол
1/2 филџани масло
Топла вода по потреба
Сусам за посипување
Зачини за одозгора
За фил:
Шунка
Кашкавал
Кечап
Малку маргарин

Подготовка:
Замесете тесто со брашно ставете го во сад и додадете го квасецот.
Сипете малку топла вода и шеќер, оставете 10 минути.
Потоа додадете го јајцето и масло и сол.
Замесете убаво мазно тесто оставете го кратко време да се одмори.
Потоа расукајте кора, премачкајте ја со маргарин и засечете ја од страна на ленти.
Како на пример подолу, премачкајте ја средината со кечап.
Изрендајте го кашкавалот и шунката, ставете ја шунката врз кечап,па кашкавал,и пак малку кечап..( се по вкус количина)
Превртувајте ги краевите еден преку друг обликувајте плетенки.
Масло и малку вода измешајте и додадете магдонос и малку оригано.
Премачкајте ја плетенката со четка а одозгора ставете рендан кашкавал, и посолете сусам.
Оставете ја пица да се стаса малку од 30-45 минути.
Печете ја во загреана рерна на 180-200С зависи од рерна 25-30 минути.
Послужете ја за доручек, вкусна и мека.
За вас и вашите деца брзо и вкусно јадење.

среда, 21. новембар 2018.

Брзи чоколадни колачиња со снегулки од киноа.




Вкусни чоколадни колачиња непечени и многу лесно се подготвуваат.Десерт за слава, Божиќ Велигден и други пригоди.
Само со 3 состојки имате вкусни домашни колачи.
Состојки:- околу 6 колачиња.
200г.црна чоколада
2 супени лажици путер од бадеми или од кокос
1 чаша оризови снегулки или киноа снегулки.
Подготовка:
Во сад на оган ставете го чоколадото и путерот, мешајте кратко додека се соедини смесата.
Потоа додадете ги снегулки и убаво соединете ги сите состојки.
Спремете калапи со отвор во средината.
Како што се за крофни.
Намастете ги со малку масло ставете од смесата во калапи.
Оставете да се изладат колачиња во фрижидер.
Потоа извадете ги полека и послужете ги, десерт за кафе, и за слава,интересни брзи и вкусни домашни ситни колачи.

Варени ѓевреци без глутен без млеко и јајца, многу се вкусни.




На внукот од се по нешто му имам направено без глутен,па сакав да пробам и ѓевречиња да направам.
И успеав во тоа на мое задоволство.
Вкусни се и грицкави како вистински варени ѓевреци.
Состојки:
100 мл.топла вода
1 мала лажичка сол
6 лажици супени масло од сончоглед
1/3 квасец (од големина на кибрит..:)
Брашно без глутен по потреба
1 супена лажица брашно од просо
Сусам за посипување
Малку сода бикарбона
Подготовка;
Во сад за месење ставете прво вода и квасец,да се истопи.
Потоа додадете го маслото,и со лажица мешајте додавајќи постепено брашно од просо и брашно без глутен.
Замесете го тестото убаво да е погуста смеса.
Се кине од тесто парчиња и се формираат ѓевреци подебели форми.
Се става вода во лонец со малку сода бикарбона да зоврие.
Се ставаат ѓевречиња да зовријат по 2 минути.
Се вадат од вода со решеткаста лажица.
Се валкаат во сусам и редат во тава на хартија за печење.
Се оставаат да стасаат до 1час и се печат во загреана рерна на 200С, 10 минути.
Многу се убави и вкусни.
За алергија на храна и сите.
Одлични се за појадок или вечера.

уторак, 20. новембар 2018.

Мафини со спанаќ урда и кисели краставички




Ако немате идеја што да правите за појадок оваа е еден мој предлог.
Многу вкусни и брзи солени мафини,за 30 минути се на маса.
Меки и со многу убав вкус, може и за роденден или ненајавени гости кога имате да си ги подготвите.

Состојки:за 12 мафини
2 јајца
1 филџан од -140 мл масло
1 ист филџан кисело козјо млеко
2 филџани пченкарно брашно
1 филџан обично бело брашно
1 мала лажичка прашок за пециво
Спанаќ полна рака
2 кисели сецкани краставички
3 полни супени лажици урда или сирење
За одозгора рендан кашкавал и сусам
Сол по вкус 1 мала лажичка
Подготовка:
Јајца изматете ги во сад, и додадете ги другите состојки, млеко,масло, пченкарно брашно и бело брашно со прашок за пециво.
Спанаќ предходно измијте го и исечете го на парчиња и избланширајте го.
Додадете го спанаќот и краставчиња, додадете го и сол.
Се додава и урда или сирење и убаво се меша смесата.
Се ставаат хартиени корпички во мафини- калап.
Се става во корпички од смесата скоро полни.
Се става одозгора рендан кашкавал и соли сусам.
Печете ги во загреана рерна на 200С,околу 20 мин.
Извадете ги и топли послужете ги со јогурт и како вас ви одговара.

понедељак, 19. новембар 2018.

Пилешки гради со кари зачини- мешавина и сусам, вкусни домашни специјалитети.




Ручек со пилешко месо на еден друг невообичаен начин,за оние кои сакаат да пробаат нешто ново да ја сменат секојдневна рутина на готвење.
Многу вкусен ручек со посебна арома од зачини.
Состојки:
500г.пилешки стек- од една кокошка
1 лажица вегета или мешани зачини
Посолете го местото со кари зачини мешавина одозгора
Сол по вкус
3 супени лажици сок од 🍋 лимон
Мајоран зачин
Масло за пржење

За панирање:
2 јајца
50 г.рендан пармезан
30-50 г.сусам по вкус
1 лажица сув магдонос
Малку рендана кора од лимон
1 лажица зачини- зачинска сол
Брашно 3-4 лажици

Подготовка:
Пилешки стек исечете го хоризонтално и потенко.
Истријте го со мешавина зачини и сол(или со вегета) и ставете го месото во подлабок сад.
Ставете го сокот од лимон и мајоран и кари зачин,оставете ги да се маринираат околу 30 минути.
Во друг сад,јајцата изматете ги,додадете го пармезан, сусам, магдонос, кора од лимон и зачинска сол.
Измешајте ги сите состојки убаво,и земајте ги парчињата маринирано месо валкајте ги во брашно.
Потоа ставете го месото во смесата со јајца и зачини.
Масло загрејте го на умерен оган,и пржете ги стекови по околу 5 минути од двете страни.
Кога ќе ги боцнете со вилушка треба да осетите како лесно се боцка.
Извадете ги на кујнска хартија да се исцедат од вишокот на маснотии.
Послужете ги топли со прилог по желба,јас прилог имав пире од компири,или со други зеленчуци или салата.
Вкусни пилешки специјалитети за неделен ручек со семејството,или празници.

Povrzani sodrzini.

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...

Istaknuti recept.

Bombici so biskviti i zele bomboni./Bomblets are biscuits and jelly candies.

Jedna moja varijanta domasni sitni kolaci,a ednostavni za podgotovka.Mene mi se dopadja i vkusot i izgledot.Sigurno ste vo potraga po nesto ...

Читаоци

Архива чланака

Образац за контакт

Име

Имејл адреса *

Порука *

Posetiteli.

Укупно приказа странице

Content.ad - Widget 3